Влатко Костов тренер на годината
Шефот на Стручниот штаб на Ренова, Влатко Костов, најверојатно на свеченоста што ќе се одржи на 25 декември во хотелот „Александар Палас“ ќе биде прогласен за тренер на годината. На последниот состанок членовите на Одборот на тренерите на Македонија ги разгледуваа предлозите по кои требаше да одлучат кој тренер ќе го предложат за тренер на годината. Со мнозинство на гласови беше предложен Влатко Костов и нивниот предлог најверојатно ќе биде усвоен и од Управниот одбор на ФФМ бидејќи доаѓа од струката. Од деветте членови на Одборот, седуммина се изјаснија за Влатко Костов, по еден предлог добија тренерот на Македонија, Илчо Георгиевски и поранешниот шеф на Стручниот штаб на Работнички, Драгољуб Беквалац.
Меѓутоа, според критериумите, постигнатите резултати се сумираат за цела сезона, Влатко Костов убедливо доби најмногу гласови и тоа заслужено. (М.М.) |