Фени индустри уште еднаш го прегази Раднички
Македонскиот шампион Фени индустри ќе презими на чело на табелата во својата група во БИБЛ лигата, откако во својата сала уште еднаш сезонава повеќе од лесно го совлада Раднички 034 со 92:60. Оваа победа му дава огромна шанса на македонскиот претставник да игра во четврт-финалето од ова натпреварување.
Уште на самиот старт со серијата од 9:0 Фени навести дека е за класа подобар тим од противникот, кој дојде во Кавадарци без тројца стандардни првотимци. Таа предност кавадарчани постепено ја зголемуваа, а на полувремето заминаа со 25 поени плус. За пофалба е односот на кошаркарите на Фени, кои не дозволија предноста да ги намали мотивите. Влегоа сериозно и во вториот дел, па во 35 минута резултатот беше 86:46.
Целиот тим на Фени одигра одлично во сите фази, а Кол (18 поени), Гоцевски (16), Ѓуров (13), Чековски (13), Самарџиев (12) и останатите си поиграа со крагуевчани како на тренинг.
Резултати група А: Фени И. - Раднички 92:60, Свислајон Таково - Брашов 76:55
Табела: 1. Фени И 9, 2. Свислајон Т. 9, 3. Черно Море 6, 4. Брашов 6, 5. Раднички 6 |