Повторено судење на шверцери на хероин
ВЕЛЕС - Апелациониот суд во Скопје им ја укина ослободителната пресуда на Ерол Латифи од Косово, Енвер Косова и Рамазан Иличе од Турција, кои минатата година беа уапсени во земјава поради сомневање дека шверцувале 4,5 килограми хероин. Според обвинението, странските државјани беа обвинети дека како екипаж на автобусот, кој одел од Истанбул за Приштина, во шест пакетчња скриени во задните седиштата пренесувале хероин. При првото судење, тројката беше осудена на по шест години затвор, но Апелација не се согласи со одлуката и ја врати на повторно судење. На второто судење за сите тројца беше изречена ослободителна пресуда. Откако се жалеше Јавното обвинителство ќе има и трето судење, кое ќе се одржува во Скопје. (С.Ќ.Н.) |