Охриѓанец се обидел да силува душевно болна девојка
Охриѓанец сексуално злоупотребил девојка со заостанат психички развој, во што му помогнал неговиот другар. Во неделата околу 22,40 часот, З.Ѓ. (18) од Белчишта заедно со другарот В.С. (27) од Долно Средорече, ја киднапирале 20-годишната девојка од Велмеј и ја однеле во атарот на Белчишта. Кога отишле на напуштено место, В.С. излегол од автомобилот „ауди“ и го оставил другарот со девојката. Во автомобилот, З.Ѓ. ја принудил девојката на орален секс, а потоа се обидел да ја силува. Девојката успеала да се одбрани, а насилниците ја оставиле на пат и заминале. (Ј.К.) |