Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Сопиште е против депонија за радиоактивен отпад

Од Дирекцијата за радијациона сигурност демантираат дека локација е веќе избрана


Општина Сопиште е прогласена за еколошки чиста општина и токму денеска го празнува Светскиот ден на животната средина

Општина Сопиште, дознавајќи од медиумите дека близу ловиштето „Јасен“ ќе се гради депонија за радиокативен отпад, категорично одбива да му се дозволи на оној што го наумил тоа и да го направи.

Советот на општината денеска за ова прашање има закажано вонредна седница на која ќе бидат донесени соодветни заклучоци.

Градоначалникот Љупчо Мицковски-Кец вчера нагласи дека Општина Сопиште е прогласена за еколошки чиста општина и токму денеска го празнува Светскиот ден на животната средина и нема да дозволи да се гради една ваква локација таму каде што е езерото „Козјак“, реката Треска и ловиштето „Јасен“, односно таму каде што има недопрен природен амбиент.

Од Дирекцијата за радијациона сигурност демантираат дека воопшто станува збор за веќе избрана локација во Општина Сопиште. Но, додаваат дека имаат задача да најдат локација која треба да биде склад за излачени извори. Тоа е, велат, неопходно за секоја држава и речиси сите бивши југословенски земји го имаат освен Македонија, која мора да се придржува кон членот 103 од Спогодбата за асоцијација и стабилизација.

„На Република Македонија и' се потребни 50 квадратни метри за наредните 100 години да ги депонира излачените извори, како што се громобраните. Нивно отстранување било планирано од 1986 година, но не е реализирано и сега тие повеќе дејствуваат штетно отколку што заштитуваат. Македонија има само привремени складишта на четири локации во приватни компании кои имаат дозволи за работа, но е чиста земја“, тврди Рубен Стаменов, директор на Дирекцијата за радијациона сигурност. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар

Од: EKO misija
Датум: 05.06.2008 11:06:49
Не ми се јасни изјавите на директорот, кога лично го видовме него како на ТВ Сител изјавува дека локацијата во Јасен е конечна. Како може сега да дава вакви изјави во смисол дека локацијата не е избрана. Втора работа, како можело да му падне на памет да гради депонија во Национален парк и да го прекршува Законот. Според аконот не смееш скара да запалиш а камоли ваков објект да градиш. Трета работа, дали нашите стручни институции се консултирани или ова е одлука на неколку луѓе. Но откако вчера на ТВ видов дека човеков е ветеринар, се е јасно.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Убиство за долг од 100 евра пред очите на петгодишно девојче
Албански државјани исчезнале во Македонија, па безбедно стигнале дома
Уапсен Косовец што силувал дете
Притворени шверцери на илегалци во Германија
Охриѓанец се обидел да силува душевно болна девојка
Повторено судење на шверцери на хероин
Нов масакр во БиХ - убил тројца поради долгови