Нов масакр во БиХ - убил тројца поради долгови
Нов масакр во Босна и Херцеговина се случи во вторникот во Бихаќ каде што 50-годишник уби три лица, а еден тешко повреди. Шеро Хаџиќ прво со пиштол го убил турскиот државјанин Унал Федаи, сопственик на пекарска работилница, потоа пукал во Касим Шабиќ (50) и неговиот син Елвир (24), кои од повредите починале во болница во Сараево. Потоа Хаџиќ, во приградското место Покој, пукал во Елведин Окугиќ при што тешко го ранил. Убиецот е лишен од слобода, наведува полицијата.Се претпоставува дека станува збор за меѓусебни долгови. Кон крајот на мај Томислав Петровиќ (45) од тузланската населба Липница уби шест лица. (МИА) |