Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Убиство за долг од 100 евра пред очите на петгодишно девојче

Љубен Јошески (52) во кратка расправија го убил Петар Апостолоски (58) во неговиот двор

Моника Талеска

ПРИЛЕП - Педесет и осумгодишниот Петар Апостолоски од прилепското село Вранче е убиен вчера околу 10 часот во дворот од неговата куќа пред очите на петгодишната ќерка. Убиец е неговиот соселанец Љубен Јошески (52). Според полицијата, мотивот за убиството бил наводен долг од околу 100 евра, а злосторството се случило по краткотрајна расправија.

Според информациите, Јошески дошол во дворот на Апостолоски да го побара наводниот паричен долг. Со намера да го избрка, Апостолоски замавнал со летва кон Јошески. Тој му ја одзел летвата и се нафрлил врз него, удирајќи го неколку пати во пределот на главата. Притоа, му нанел тешки телесни повреди од кои Апостолоски починал на место.

Очевидец на настанот е единствено малата ќерка на убиениот, која веднаш била згрижена кај блиски роднини во Прилеп, зашто ова семејство неодамна од Скопје се вратило да живее во Вранче.

Соселаните се вознемирени од грозоморното убиство, кои велат дека Апостолоски и Јошески биле долгогодишни пријатели. „Ги знаеме за добри луѓе. Најверојатно се закарале за ситни пари и се случило најлошото“, вели Атанас Иваноски, жител на селото. Соселаните тврдат дека убиецот имал здравствени проблеми.

Откако еден од селаните го пријавил настанот, полицијата, истражен судија и заменик-обвинител извршиле увид на местото на настанот. Екипата на итна медицинска помош само констатирала смрт. „Причина за смртта се здобиените рани со тврд предмет во пределот на черепот и лицето. Телото на убиениот било пронајдени во локва крв во дворот од неговата куќа“, потврди д-р Гоце Јонзоски, началник на Службата за итна медицинска помош.

„Телото на починатиот е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Убиецот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за убиство“, соопшти Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР - Битола.


Статијата е прочитана 1219 пати.

Испрати коментар

Од: AMD
Датум: 05.06.2008 18:22:53
Sto se slucuva so lugeto vo Makedonija ? Kako mozel toj ludak toa da go napravi,posebno pred ocite na toa malo i nevino dete ? Kakva idnina ke ima toa dete ? Ubistvo ne e resenie za bilo kakov problem,a mi se cine deka se poveke ubistva se slucuvaat vo Makedonija. Zalosno e sto se se slucuva. Za takvo nesto ovde vo USA zlostornikot ke go pomine preostanatiot negov zivot vo zatvor.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Албански државјани исчезнале во Македонија, па безбедно стигнале дома
Сопиште е против депонија за радиоактивен отпад
Уапсен Косовец што силувал дете
Притворени шверцери на илегалци во Германија
Охриѓанец се обидел да силува душевно болна девојка
Повторено судење на шверцери на хероин
Нов масакр во БиХ - убил тројца поради долгови