Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Притворени шверцери на илегалци во Германија

Завчерашното апсење на тројцата велешани и еден скопјанец, под сомнение дека се занимавале со трговија со луѓе и со шверц на мигранти, резултираше со изрекување мерка притвор, а за другите двајца куќен притвор.

Обвинителство поведе кривична истрага против Тунај Кариманов (27) од Велес, Сафет Асан (44) од скопската населба Шуто Оризари и против сограѓаните на првоосомничениот Горан Николчев (27) и Асан Махмудов (23). Oсомничени се илегално префрлале македонски државјани во Германија. Како организатор на групата Обвинителството го посочува Кариманов, кој за паричен износ од 2.500 евра за илегалец, обезбедувал транспорт на мигрантите и набавувал фалсификувани патни исправи и возила и возачи кои требале да ги пренесат патниците до договорената дестинација во Германија. За преправки на патни исправи Кариманов плаќал по 50, а за возилата и возачите давал и по 250 евра.

Кариманов уште во текот на минатиот месец го организирал илегалното патување на Себастијан Б. Имено, Кариманов најпрво обезбедил патна исправа за патникот, но на име на Џеват Неџиповски. За за замена на фотографијата, Кариманов му исплатил 50 евра на Сафет Асан, а потоа уште 500 евра за превозниците Горан Николчев и Асан Махмудов кои на 2 јуни околу 18 часот, со автомобил „БМВ 320 Д“ го презеле Себастијан Б. и кого требало да го превезат до Минхен, Германија. Патот им завршил на Табановце откако била откриена преправката на патната исправа.

Истражниот судија на Кериманов и на Николчев им одредил едномесечен притвор и куќен притвор за Сафет Асан и Асан Махмудов. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 327 пати.

Испрати коментар

Од: OD:NIKI****
Датум: 05.06.2008 13:17:01
Samo ne blanirat ovakvi kriminalci na zapat,se znae koj se tie pripagat vo malcinstvoto vo MK,samoto i ime kazuva Safet,Tunaj,Acan... koj se i sto se so eden zbor ((NIKAKVI)) podobro bi bilo da ne gi spomnuvat kako cisti Makedonci zato sto naseto cisto lice go izvalkaa na sekade vo Evropa.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Убиство за долг од 100 евра пред очите на петгодишно девојче
Албански државјани исчезнале во Македонија, па безбедно стигнале дома
Сопиште е против депонија за радиоактивен отпад
Уапсен Косовец што силувал дете
Охриѓанец се обид��л да силува душевно болна девојка
Повторено судење на шверцери на хероин
Нов масакр во БиХ - убил тројца поради долгови