Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Гасот поскапува за 17,66 отсто

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на вчерашната седница препорача да се зголеми цената на нормален метар кубен гас за 17,66 отсто за големите потрошувачи. Новата цена на гасот официјално РКЕ треба да ја потврди в понеделник.

Никој од присутните на седницата немал забелешка на пресметките за зголемување на цената на гасот.

Согласно со предлог-одлуката од 1 октомври, 20 големи потрошувачи во Македонија ќе треба да плаќаат по 30,356 денари за нормален метар кубен потрошен гас.

Како причина за зголемувањето на цената од Регулаторна го посочуваат зголемувањето на цената на природниот гас од страна на доставувачот „Гаспром“, од каде што „Макпетрол“ го набавува гасот, и тоа за 11,057 отсто, како и зголемувањето на курсот на доларот во однос на денарот за 7,98 отсто во последниот квартал, според кој се утврдува цената на гасот.

Според најавите од РКЕ, „Макпетрол“ се обврзал дека до крајот на годинава по оваа цена непречено ќе ги испорача сите планирани 30 милиони нормални метри кубни гас.

Регулаторна не предвиде зголемување на досегашната цена од 2,217 денари за нормален метар кубен за транспорт на гасот, што и' се плаќа на „Гама“ ниту, пак, за услугата за снабдување од 0,1777 денари за нормален метар кубен гас, која им ја наплатува „Макпетрол“ на компаниите. (М.Т.)


Статијата е прочитана 726 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Берзанскиот индекс падна за близу два процента
Комерцијална за девет месеци со бруто-добивка од 23 милиони евра
Македонија не ги зголемува гаранциите на влоговите
Енергетиката и глобалната криза во фокусот на разговорите во Вашингтон
Светските берзи пак паѓаат