Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Енергетиката и глобалната криза во фокусот на разговорите во Вашингтон

Глобалната финансиска криза и конкретните можности за зголемување на помошта за Македонија во делот на енергетскиот и инфраструктурниот сектор беа главни теми на разговорите во Вашингтон во четвртокот вечерта, меѓу заменик-претседателот на Владата, Зоран Ставрески, директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан, и претседателот на Светска банка, Роберт Зелик.

„Како претседавач на Годишното собрание на Светска банка и ММФ за оваа година, иницирав две важни прашања, а тоа се како овие институции ќе реагираат во однос на постојната финансиска криза, посебно кога станува збор за помалите земји во развој, како што е Македонија, каде што веќе почнуваат да се чувствуваат првите знаци од она што се случува во светот. Разговаравме и за конкретните можности за зголемување на помошта за Македонија во делот на енергетскиот сектор и изградбата на патишта и железнички линии“, изјави Ставрески по средбите.

Во врска со ситуацијата на глобалната економска криза, според вицепремиерот, важна е улогата на ММФ во делот на помош на земјите за покривање на дефицитите на тековните сметки. Додека Светска банка треба да продолжи да им помага на земјите во делот на земјоделството и енергетиката. Според Ставрески, тоа се области кои поради високите цени на храната и на енергенсите диспропорционално ги погодуваат сиромашните земји во светот.

„Очекувам дека ќе добиеме позитивно светло за финансирање одредени проекти во енергетскиот сектор и очекувам дека Светска банка ќе остане и натаму активна во подобрување на бизнис-климата. Останува во следниот период со оперативните тимови на Светска банка да ги договориме конкретните проекти“, потенцира Ставрески. (МИА)


Статијата е прочитана 197 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Берзанскиот индекс падна за близу два процента
Комерцијална за девет месеци со бруто-добивка од 23 милиони евра
Македонија не ги зголемува гаранциите на влоговите
Гасот поскапува за 17,66 отсто
Светските берзи пак паѓаат