Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Светските берзи пак паѓаат

Њујоршката берза, седми ден едноподруго, ја заклучи трговијата со пад на водечките индекси откако „Дау Џонс“ опадна за 7,33 проценти и 678,91 процентен поен на 8.579,19 процентни поени, што е најниското ниво од јуни 2003 година досега. „Насдак“, пак, се намали за 95,21 процентен поен и достигна 1.645,12, а „Стандард енд Пурс 500“ загуби 74,88 процентни поени и се намали на 910.06 процентни поени. При отворањето на трговијата на Токиската берза водечкиот индекс „Никеи 225“ опадна под психолошката граница од 9.000 процентни поени првпат за повеќе од пет години, што се смета дека е реакција на падот на Њујоршката берза. Индексите на берзите на Филипините, Австралија и Индија опаднаа во просек за осум проценти по падот на водечките индекси на Волстрит. Во Манила беше регистрирано намалување за 8,3 проценти на основниот индекс, кој опадна за 190 процентни поени на 2.097, а со пад од 7,6 отсто започна трговијата на Берзата во Сиднеј. Водечките европски берзи во Лондон, Париз и во Франкфурт, исто така, го отворија тргувањето со пад на вредноста на индексите од речиси 10 отсто. Индексот ФТСЕ на Лондонската берза околу 9 часот и 15 минути падна за 8,11 отсто во однос на средата. Индексот на Париската берза загуби 8,21 отсто, а франкфуртскиот „Дакс“ се намали за 8,23 проценти. Индексите на останатите европски берзи изутрината имаа вредност помала од 4 до 8 отсто во однос на претходниот ден. Индексот „Еуростокс“, кој ги опфаќа акциите на најзначајните компании од еврозоната, изутрината се намали за 7,75 проценти.

Како последица на финансискиот крах, јапонскиот јен забележа најголем пад спрема еврото за речиси осум години, а опадна во однос на американскиот, австралискиот и новозеландскиот долар, бидејќи бранот од намалувањето на клучните каматни стапки во многу земји придонесе за стопирање на падот на пазарните акции.

Поради актуелната финансиска криза, Меѓународниот монетарен фонд објави дека е подготвен да ги кредитира државите што се погодени од светската кредитна криза. ММФ веќе испрати мисија во Исланд, каде што владата ја презеде контролата над најголемите банки во земјата.

Извршниот директор на ММФ, Доминик Строс-Кан, изјави дека активирани се брзите процедури за да може Фондот брзо да реагира на кризата. „ММФ е подготвена да одговори на сите потреби на државите што имаат проблеми“, наведе Строс-Кан.

Во врска со изнаоѓање решение, лидерите на Конгресот на САД го повикаа Буш да свика итна средба на лидерите на Г-8 поради финансиската криза. „Министерството за финансии треба да преземе брзи дејства за реализирање на спасувачкиот план за финансиските пазари“, изјави кандидатот на демократите за претседател, Барак Обама.

Според рускиот премиер Владимир Путин, актуелните случувања ја разнишаа довербата во САД како лидер на слободниот свет. „Довербата во САД како лидер на слободниот свет и слободната економија, довербата во Волстрит како центар на тој свет, мислам дека е поткопана засекогаш. Нема да има враќање на претходната ситуација“, рече Путин. (Според агенциите)


Статијата е прочитана 541 пати.

Испрати коментар

Од: Friend
Датум: 11.10.2008 09:23:55
Yen zabeleza porast ne pad. Cenata na yen se kvotira inverzno. 100Yen za 1 dolar e pojako nego 102yen. Isto is so evro.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Берзанскиот индекс падна за близу два процента
Комерцијална за девет месеци со бруто-добивка од 23 милиони евра
Македонија не ги зголемува гаранциите на влоговите
Енергетиката и глобалната криза во фокусот на разговорите во Вашингтон
Гасот поскапува за 17,66 отсто