Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Без зголемување на гаранциите на влоговите

Словенија воведе неограничено осигурување, за разлика од досега кога гаранцијата беше до 22.000 евра

Александрија Стевковска

Словенечките власти застанаа во одбрана на банкарскиот систем, воведувајќи неограничено осигурување на штедните влогови на граѓаните, за разлика од досега кога гаранцијата на државата на влоговите беше до 22.000 евра. Словенците препорачуваат и другите земји да си ги заштитат своите граѓани и нивните пари, бидејќи тоа засега го гледаат како единствен начин за амортизација на паниката која го парализира финансискиот пазар.

„Секоја држава за себе мора да направи се' што е во нивна моќ да препознаат дека се дел од светскиот финансиски систем и да направат се' за да ги заштитат своите економии од светската финансиска криза и своите граѓани. Владата ја зголеми гаранцијата за депозити која порано беше до 22.000 евра и оваа владина мерка повеќе е со намера да ја зголеми довербата на граѓаните во банкарскиот систем и дека нема место за паника. Оваа мерка е добра, а допрва ќе се види дали е и доволна, но факт е дека таа ќе овозможи пребродување на сегашните проблеми и враќање на изгубената доверба кај населението во системите“, вели Даг Краљ, од групацијата на КД фондови од Словенија.

Во Македонија, Фондот за осигурување депозити засега исплаќа најмногу до 20.000 евра пари на граѓаните, депонирани во македонските банки и македонската држава, засега, не планира преземање никакви дополнителни мерки на тој план.

„ Заштедите на граѓаните се на сигурно и засега, без оглед на актуелната криза, за која не очекуваме да се прелее и кај нас, не размислуваме за зголемување на лимитите за гаранции на заштедите. Фактори плус за вакво размислување е тоа што 69 отсто од заштедите во земјава влегуваат во лимитот за заштита на депозитите. Покрај тоа, лимитот е врзан со БДП кој кај нас е 2.600 долари по жител, а ние гарантираме 20.000 евра, што е сооднос од 1:9 и мислам дека за наши услови тоа е и повеќе од доволно“, вели Нина Настева, директор на Фондот за осигурување депозити.

Таа смирува и вели дека Фондот, ниту државата не очекуваат голем удар од светската криза врз нашата земја бидејќи, според неа, ние немаме банки од типот на американските кои ја генерираа кризата.

„Комерцијална и Стопанска банка го зголемија својот капитал, што е гарант дека тие се стабилни и јаки, со што, пак, праќаат позитивни сигнали на штедачите. Смирувањето на паниката кај граѓаните е најважна во овој момент и им препорачувам на граѓаните да не ги повлекуваат парите од банките, бидејќи тие се понесигурни надвор од банките“, вели Настева.

Вицепремиерот Зоран Ставрески, вчера од Вашингтон изјави дека Светска банка посебно се интересирала за состојбата во банкарскиот сектор во Македонија и за последиците врз него од постојната финансиска криза во светот. Ставрески објаснил дека е добро што банкарскиот систем во Македонија ја базира кредитната активност на сопствените средства, односно на депозитите од претпријатијата и граѓаните, а помалку на заеми од странство, што значи дека евентуалниот пораст на цената на финансиските средства или кризата во други земји нема да има такво влијание врз македонските банки.

„Светската криза ја урна и хрватската берза која важи за една од најразвиените во регионот. Последиците се чувствуваат годинава, но ќе се чувствуваат и наредната година. Кризата влијае и на банките, но и на целото стопанство. Доказ плус за тоа е и повлекувањето на странските инвеститори од Хрватска и така ќе биде се' додека не им се реши состојбата во нивната домашна економија, а тоа ќе биде се' додека не се реши американската криза, што значи барем уште наредната година. Не очекуваме рецесија во Хрватска, но повеќе од сигурно е дека ќе се намали очекуваниот раст на БДП“, прогнозира Звонимир Мариќ, член на управата на КД-групацијата од Хрватска.

И во Словенија полека почнува да се шири паниката од финансиските крахови, но тие сметаат дека таа не е загрижувачка. „Никој не е среќен кога паѓа вредноста на нивните акции, но ние советуваме сега да се купуваат акции. Сега дури имаме случаи на повлекување на парите од наши и префрлање во австриски банки но, за среќа, државата реагираше навреме и се надеваме дека довербата на луѓето ќе биде вратена. Се надеваме дека работите ќе се средат, бидејќи на нивото на кое се сега цените, не биле многу години наназад. Од почетокот на годинава некои фондови имаат загуби од 50 отсто, но во просек загубите се 20 до 30 отсто“, вели Петар Грашек од Управата на КД со седиште во Љубљана.


Статијата е прочитана 856 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 11.10.2008 15:59:21
super ! samo kaj nas ,,biznismencinjava,, se komotni i mislat deka niv nema da im se sluci nisto.dpmne -garantira za nivnite pari...hohoih dali se slepi lugjevo da svatat deka koga bankarite nudat se i sesto za da gi prigrabat narodnite pari-smrdi nesto? davaat kamati i za 13 vmeseci za edna godina...cudno neli,,,a vie narodec makedonski zaboravete tat i slicni aramii i --pravo vo banka stavajte pari...ke ima trinaeset meseci za presmetka ..a posle toa -trinaeset godini placenje

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Берзанскиот индекс падна за близу два процента
Комерцијална за девет месеци со бруто-добивка од 23 милиони евра
Енергетиката и глобалната криза во фокусот на разговорите во Вашингтон
Гасот поскапува за 17,66 отсто
Светските берзи пак паѓаат