Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Берзанскиот индекс падна за близу два процента

И вчера беше регистриран пад, иако не драматичен, на македонскиот берзански индекс МБИ 10, и тоа за 1,92 процента. Откако завчера состојбата на Берзата се стабилизира и имаше само незначително опаѓање на индексот, во текот на вчерашниот ден неговата вредност повторно отиде надолу за близу два процента и се сведе на 3.537,98 индексни поени. Повторно беше реализиран и слаб промет, од 39,4 милиони денари. Аналитичарите објаснуваат дека ова ново, иако значително помало опаѓање од оние во вторникот и средата (од над 7 проценти) се должи на фактот што кај инвеститорите на нашата берза се' уште владее неизвесност за тоа како ќе се развиваат настаните на светските пазари на капитал. На прашањето дали кај нас влијание има и признавањето на Косово, нашите соговорници тврдат дека „во светот се случуваат толку многу пострашни работи“ што овој политички момент практично е небитен за инвеститорите.

Инаку, одредени компании во неделава што изминува сами си ги откупуваа акциите на Берзата.

Ако се гледаат индексите од регионот, дури може да се констатира дека вчера МБИ 10 и најдобро помина. Вчера најголем пад имаше Берзата во Хрватска, од 10,48 отсто, при што претходно во текот на денот индексот на Берзата во Загреб отиде во црвено дури и за 14 проценти. И Софија имаше драматичен пад, од 8,36 отсто, Љубљана отиде надолу за 6,59 проценти, а Белград беше во негатива за 2,4 отсто.

Во врска со состојбите на Македонската берза, вицепремиерот Зоран Ставрески вчера пред претставниците на ММФ и Светска банка нагласил дека таа не е интегрирана на таков начин како што се другите берзи и затоа финансиската криза нема директно влијание врз неа, но дека има психолошко влијание од она што се случува во регионот и таа не може да биде имуна на тие случувања. „Очекувам дека Берзата нема да биде долгорочно погодена и дека постепено ќе почне да закрепнува, бидејќи го нема проблемот на нереална валуација на акциите на компаниите што котираат на неа“, нагласи Ставрески. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 262 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Комерцијална за девет месеци со бруто-добивка од 23 милиони евра
Македонија не ги зголемува гаранциите на влоговите
Енергетиката и глобалната криза во фокусот на разговорите во Вашингтон
Гасот поскапува за 17,66 отсто
Светските берзи пак паѓаат