Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Антикорупциска се раскара за гонењето на Црвенковски

Тројца членови на Комисијата сметале дека во случајот „Надеж“ не е прекршен Законот за јавни набавки

Билјана Јовановска

Случајот „Надеж“ доби експресна завршница во Државната комисија за спречување корупција, која од Јавното обвинителство ќе побара да поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, и лица од неговиот кабинет. Антикорупционерите сметаат дека имало законски пропусти во постапката за склучување на договорот на Кабинетот на поранешниот шеф на држава со тројца словенечки експерти за изработка на ПР-стратегија вредна 340.000 евра.

На седницата на Комисијата и' претходела бурна расправа во која за поведување кривична постапка се изјасниле четворица членови, а тројца биле против.

Предметот „Надеж“ деновиве му бил доделен на обработка на Мане Колев, кој по материјалите што пристигнале во петокот, во понеделникот требало да ја почне обработката за да реферира пред Комисијата. Меѓутоа, според Колев, неочекувано, во понеделник предметот „Надеж“ го побарал претседателот на Антокорупциска, Илми Селмани, кој за него и реферирал на седницата на која имало и спротивставени аргументи. Седницата, невообичаено, немала ни пауза, и покрај аргументите на тројца нејзини членови, сепак, со еден глас претежнал ставот дека за експретседателот Црвенковски и за вработените во неговиот кабинет треба да се поведе кривична постапка.

Антикорупциска комисија констатирала дека Црвенковски без спроведување постапка за јавна набавка ангажирал тројца консултанти од Република Словенија, што за тројца членови на Комисијата не бил прифатлив аргумент. „Сметавме дека според член 8 став 6 од Законот за јавни набавки, Црвенковски немал обврска за распишување законска постапка“, вели Колев. За разлика од нив, претседателот Селами бил дециден дека не била почитувана постапката за јавни набавки, што повлекува незаконско и ненаменско трошење средства, а со тоа и злоупотреба на службената положба и овластување.

Мислење на тројца членови на Комисијата било, објаснува Колев, дека

многу брзо се донесе одлука за ваков предмет, бидејќи Комисијата кога имала поделикатни предмети, практикувала да работи само со членовите без присуство на други лица од секретаријатот на Државната комисија, што сега не беше случај. „Предметот ми беше доделен и одземен и предложив да имаме средба со државниот ревизор што го изготвил конечниот финансиски извештај за работењето на експретседателот Црвенковски, но тоа не беше прифатено“, изјави Мане Колев за „Утрински весник“.

Илми Селами вчера само кусо ни изјави: „Државната антикорупциска комисија е колективно тело и така одлучува. Одлуката е донесена со мнозинство и за мене е важно дека Комисијата одлучила, а јас како претседател сум приморан да ја реферирам одлуката пред јавноста без оглед дали таа ми се допаѓа или не. Тоа е одлука на мнозинството. Секоја дискусија по донесувањето на одлуката е излишна, вклучително и од мене како претседател“.

По соопштувањето на заклучокот на Антикорупциска, се огласи СДСМ, нарекувајќи го „Надеж“ таканаречен случај, а заради задржување на транспарентниот начин на работење, во прилог го достави дописот од Кабинетот на експретсседателот Црвенковски доставен до антикорупционерите.

Одлука под притисок

Според Црвенковски, политичката кујна на власта продолжува да прави конструкции. „Јас не знам на каков притисок бил изложен претседателот на Антикорупциска, меѓутоа, од ваквото однесување можам да заклучам дека човекот бил на сериозни маки“, рече Црвенковски. Тој тврди дека станува збор за чист предмет, за чист случај, бидејќи Државниот завод за ревизија, со раководството избрано од времето на Груевски, секоја година доаѓал во кабинетот, ја проверувал документацијата и за овој договор немало никаква забелешка. Нивната оцена била дека се' е според законот и според правните прописи.

Црвенковски апелира до вработените во Обвинителството и до сите оние што ќе бидат вклучени во оваа правна процедура да постапуваат само според законот.


#
Статијата е прочитана 3105 пати.

Испрати коментар

Од: професорка
Датум: 11.11.2010 12:07:12
Значи сега Селами мирно може да спие. Си купи мандат. Расчисти со “големите“ криминали во државата. Да видиме што ќе преземе за Скопје 2014, автобусите од Кина, цените за спомениците (20 пати поголеми ) , за компјутерите, за медицинската опрема за Клинички...Ако не ги расчисти, дефинитивно нема борба против корупцијата. Само нарачки од Власта. Во тој случај, нема потреба од Комисија.
Од: Трпе
Датум: 11.11.2010 12:29:56
Дали антикорупциската комисија е државна или партиска.По се излегува дека е партиска,кога се уплашија од едно замавнуванје со прстот на лидерот на партијата ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај.Кај нив сигорно нема корупција и неправилно трошење на пари.Тие си вршат обично перење на пари.Џабе е трошењето државни пари за ваква страшлива комисија.Која со сопствен ум не е способна и да размислува.Се уплашија да не им ги скратат и нивните пари со кои ги подмитуват.Ова блада сите пари ги троши наменски.
Од: забеган.
Датум: 11.11.2010 12:37:19
Мисе допадна последната реченица на Црвенкоски , сите оние кои се вклучени во ова да постапуват според законот.
Од: PAVLE ALIMASKA
Датум: 11.11.2010 12:56:15
Следниот чекор на фашизоидната политика на ВРХОВИСТИЧКИОТ ЛИДЕР ОД ДПМНЕ е да го ПРИВЕДЕ БРАНКО пред ТВ КАМЕРИТЕ.Но каде ќе се крие откако ќе падни на изборите
Од: БЦ остај ја антикорупциска
Датум: 11.11.2010 13:26:03
Овој Хилми се покажа и досега а верувам знае да чита закони. Значи БЦ ги дели институциите и не им верува а се буни за уставен. Насекаде има вмешано прсти.
Од: taka mu treba
Датум: 11.11.2010 13:42:02
Pravilna odluka na antikorupcionerite. Gledaj majkata toj ke plakal nekakvi istrazuvanja. Toa brate ne e zakonski. Tie pari trebalo da gi upotrebi za da i kupi cetiri stana na roditelite i "mirna Backa".
Од: verag
Датум: 11.11.2010 13:48:07
Према ревизорслиот извештај , за којшто владата никако не се согласи да се разгледува во Собранието, во сите министерства имаше неправилности во трошењето на буџетските средства.Оваа т.н. Антикорупциска комисија не поведе ниедна постапка. Ието така сега е актуелен озвештајот за Министерзтвото за здравство за којшто сигурна сум дека комисијата нема да реагира. Очигледно е дека постапува по наредба на Груевски,како што е случај скорп со сите институции.
Од: francuz
Датум: 11.11.2010 15:05:29
ako pravel dalaveri,neka s`rka sto pravel i gotovo.ama ako pak nasive sudski institucii zgresat ili aber nema at kako vo drugi predmeti,togas pak nie- narodot ke go jade nazalost "stapot" kako i vo drugi slucai i premeti
Од: sime
Датум: 11.11.2010 16:13:16
Taman pomislivme deka anti korupcionerite zivnaja,ete ti gaf.
Од: Тоше
Датум: 11.11.2010 16:13:23
Од СИТЕ институции во државава, оваа власт направи КОМЕДИЈА. А од целата држава направи еден кошмар од кој во иднина ќе ни треба многу време да се извлечеме. А се‘ само за да си купи време со ‘разонодување‘ на народот за да не мисли во каква очајна економска состојба го доведоа.
Од: алек
Датум: 11.11.2010 18:04:43
Конечно излезе "чесното"работење на Бранко на виделина.Сега народот нека види и нека процени.
Од: Мите од долнодупени
Датум: 11.11.2010 18:18:53
Колку милиони евра потроши владата и Гујо за пропагирање на владата и вождот,колкуѕ значи неприменување на одлука на Уставен суд...и се така...Но едно се си мислам...овие за да го прикријат сопствениот криминал...ќе почнат да апсат...СВЕ ПО СПИСКУ????
Од: vlatko
Датум: 11.11.2010 20:55:28
Site golemi kriminalci niz istorijata pred zakonot se liznaa na "sitni" afercinja. Ne mie jasno kako Branko napravil vakva kardinalna greska za sitni pari. Ne me cudi ako zavrsi kako Zaev ili Bucko samo sto nego ke nema koj da go "abolira".
Од: Od fakelaki
Датум: 11.11.2010 23:02:20
Znaci garantirano deka sds nema poveke kako partia dase vrati nazat......
Од: milan
Датум: 11.11.2010 23:29:41
Ako imase zakon vo nasa Makedonija mnozina instant bogatasi ke se najdea odamna vo zatvor. Prv ke bese LjuBco a po B.C. sledeni od cela surija glodaci...
Од: haha
Датум: 11.11.2010 23:35:25
Dole Bane
Од: zoro
Датум: 12.11.2010 08:15:07
Kaj smee nekoj od sdsm da bide zatvoren za kriminal, ma toa ne e mozno, ili e pritisok vrz sudot ili e mangja od kujnata na grujo neli. Kaj smee koga na sdsm mu e se dozvoleno, i da lazat i da kradat i da tepaa...
Од: sele
Датум: 12.11.2010 09:05:07
Selami pod hitno da si zamini od taa funkcija bidejci se prodadae so se partali.Takvi slabici ne i trebaat na ovaa drzava.
Од: blagojtasev
Датум: 12.11.2010 09:46:16
selami definitivno si go zadrzuva mandatot pod pritisok na dpmne a i samo taka se raboti vo nasata zemja mavaj so kamsikot i site ke ti se plasat ama taka ne se vodi demokratska drzava za kakva ni se strenime da bideme.No edno znam deka ovva vlada nemoze da bide vecno na vlast i ke padne no togas ke svrti trkaloto pa celata peralnica na nasite pari ke izleze na videlina i Gruevski ke nema kade da se skrie

Најди! во Утрински
Насловна
Сами себе си аплаудираа
Деца сонуваат за подобар живот, а завршуваат во пекол
Со полиција или без неа, дивите превозници ќе останат без возила
Тиквешански
Судиите не даваат да им се чепне во платите
Хомо или фобија?
Во Пустец попусто чекаат попис
Кристина Арнаудова роди син
Криза
Лет во место
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Шарон е уште во кома, неговата политика живее
Трговија со човечки органи во Косово
Која е тајната на женскиот оргазам?
Деби на Трпчески во Карнеги Хол
Стил
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011