Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Со полиција или без неа, дивите превозници ќе останат без возила

Министерството за транспорт и врски донесе дваесетина решенија за запленување автомобили и комбиња

Сања Наумовска



Дивите превозници сами да ги предадат возила со кои вршат транспорт, или во нивно име тоа ќе го направи полицијата. Ова е најновата мерка со која Министерството за транспорт и врски ќе се обиде да стави ред во овој незаконски бизнис. Заплената се изрекува како дополнителна мерка покрај глобата што може да достигне и до 500 евра, особено кај превозници што повеќепати биле фатени во недозволен транспорт на патници. Автомобилите или мини-комбињата ќе треба да мируваат од три месеци до една година, во зависност од одлуката на Министерството, при што пресудно влијание во времетраењето на задржувањето на одземеното возило нема да биде дали превозникот сам го предал возилото или е одземено од полицијата.

По неуспехот со изрекувањето на прекршочните казни и одземањето на сообраќајните дозволи, кои досега беа единствени решенија за спречување на дивите превозници, надлежните се одлучија за подрастични мерки. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, неодамна информираше дека огромен број прекршочни постапки почнати од патната инспекција не добиваат судска разрешница или, пак, глобите што се изречени се многу ниски. Таквата состојба, сметаат во Министерството и во здружението на превозници „Исток“, само го поттикнува ширењето на нелегалниот бизнис.

Значи, процедурата оди вака. Ако некој вози на диво, а притоа патните инспектори во неколку наврати го запреле и констатирале дека превезува на диво, се прави записник и се почнува процедура против него. Кога одлуката ќе стане правосилна и решението за неа ќе стигне до превозникот, тој ќе има три дена сам да го предаде возилото. Доколку не го направи тоа, заплената на возилото ја прави полицијата.

Одземањето на возилата што инспекторите за патен сообраќај ги фатиле при див превоз на патници е предвидено во најновите измени на законот за превоз во патниот сообраќај, кои се во сила десетина дена.

Деновиве се подготвени дваесетина решенија што им се доставуваат на превозниците без лиценца. Тие ќе имаат рок од три дена, во кој ќе можат сами да ги предадат возилата со кои вршеле нелегален транспорт. Ако го пропуштат рокот, возилата ќе ги запленува полицијата. Најголем број казни патните инспектори им изрекле на транспортери во Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Тетово, Битола и во Гостивар.

„Заплената на возила ќе се практикува само во случаи на нелегални транспортери што веќе се казнети неколку пати, а, сепак, продолжуваат да се занимаваат со иста дејност. Моментно има четири решенија со уредна достава на кои им тече рокот за плаќање на глобата и доброволно предавање на возилото. Сите решенија предвидуваат времено запленување од три месеци“, информираат од Министерството за транспорт. Одлуката дали еден нелиценциран превозник само ќе се казни или и ќе му се одземе возилото ја донесуваат инспекторите за патен сообраќај, откако ќе ја констатираат состојбата. Решението го потврдува Комисијата за прекршоци во Министерството што има обврска да го достави до транспортерот. Оваа мерка се применува прв пат, велат во Министерството, при што појаснуваат дека против неа прекршителите имаат можност да поднесат жалба во рок од осум дена до Управниот суд.








#
Статијата е прочитана 2484 пати.

Испрати коментар

Од: Перо
Датум: 11.11.2010 12:53:37
А како ќе им ги одземаат возилата на дивите превозници со „благонадежни“ (бугарски) регистрации? Од каде им е високиот стандард на инспекторите освен ако не добиваат 1000 евра плата?
Од: Skpjanec
Датум: 11.11.2010 13:05:33
Дај боже да ги одземат. Да заличиме на држава. Ова не личи на ништо.
Од: Palancanac
Датум: 11.11.2010 16:11:16
Aj da vidime vo Kriva Palanka dali ke se soberat vozilata na divite taksisti koj gi prevezuvaat Kosovskite kriminalci ili tetka Ole samo ke ja zgolemi tarifata:)
Од: Trpe
Датум: 11.11.2010 17:49:00
pluknimu se na drzava i se ako Sud moze da ja blokira policijata .. vo SFRJ barem policijata bese nekoj faktor, sega so ovie raboti ke stigneme vo haos i anarhija.. ajde uste da se ukine i pazarna inspekcija, pa ako ti se rasipe n.pr. frizider , tv i slicno da treba da vodish sudska postapka...
Од: Kriva Palanka
Датум: 11.11.2010 18:28:58
Olgica viree i toa prilico vo sekoj sistem. Treba da i se cestita kako uspeva da gi reketira prevoznicite i voedno da i se dodeli drzaven orden. Ne postoi pogolem kriminalec on nea, samo ministerot e kriv shto ne prevzema merki. Treba ednash zasekogash da i se dade kloca od ministerstvota za da ne go rushi ugledot na institucijata.
Од: Rade.Hollandia
Датум: 11.11.2010 18:54:47
hahaha gluposti pa koj go prave toa partiskite vojnici nikoj drug e sega moze da odzemat na lica koj se od opozicija a posle ke bide pa obratno i taka partizirana podelena drzava i etnicki nikogas nema da bide,
Од: kire
Датум: 11.11.2010 23:50:31
De objasnete mi koja e taa Olgica od Kriva Palanka da razberam i jas sum cul vo nekolku navrati ama nikoj ne objasnil,Blagodaram,
Од: pece
Датум: 12.11.2010 01:34:37
abe od doma da im gi zemat i tocaci da im dadat
Од: Kumanovec
Датум: 12.11.2010 09:20:40
Sekoj sto poseduva licno vozilo platil danok za nego,plaka registracija,odrzuvanje na patista,razni davacki vo sklop pri registracija i tehnicki pregled,i stavka za crven krst duri e obavezna.E sega za da go vozi voziloto mora da sipe gorivo i drugi potrosni materijali za odrzuvanje i na site niv danok se plaka,pa koga ke vozi po makedonskite avtopati kako recni korita plaka patarina od kilometraza kolku go potrosil patot,ne e dovolno godisno sto plaka za odrzuvanje na patista.I sega ako se vozi sam bez danok ke projde,ako vozi i drugi patnici danok treba da plati ili ke mu se odzeme voziloto.Nikad dosta danoci,nema sitka za banditi drzavni.Posle tolku davacki,treba da im se dozvoli na narod da se vozi koj kogo saka i kolku saka zasto od sekoj litar gorivo drzavna banda sobira danok,pa ke ima poveke prevoznici ,slobodna konkurencija ,pomali ceni za usluga i drzava ke sobere poveke pari a i narod ke se vozi i poevtino i poveke,a so podostapen transport se pridonesuva za razvoj.

Најди! во Утрински
Насловна
Сами себе си аплаудираа
Деца сонуваат за подобар живот, а завршуваат во пекол
Тиквешански
Судиите не даваат да им се чепне во платите
Хомо или фобија?
Во Пустец попусто чекаат попис
Кристина Арнаудова роди син
Криза
Антикорупциска се раскара за гонењето на Црвенковски
Лет во место
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Шарон е уште во кома, неговата политика живее
Трговија со човечки органи во Косово
Која е тајната на женскиот оргазам?
Деби на Трпчески во Карнеги Хол
Стил
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011