Сакаат права, а ги нема да ги побараат. Европа се тресе од протести, тие во земја пропаѓаат. Што се тие? Ова е наградното прашање на кое одговорот е едноставен - македонските гејови, лезбијки, бисексуалци и трансродни личности, или со едно име ЛГБТ-заедницата. Нивните шпански колеги се собраа на групен собир јавно да ја изразат својата љубов пред папата, кој дојде во посета на Барселона.
И српските излегоа на парада со која покажаа дека, ете, постојат. Само нашите ЛГБТ-личности никаде ги нема, како во земја да пропаднаа. Од она што некогаш значеше МАССО останаа само новинарските текстови да сведочат за нивните обиди кога реагираа барајќи ги своите права.
Не е тајна дека нашите хомосексуалци се' уште се плашат да ја откријат својата сексуална определба поради јавната осуда и можеби плашејќи се од физички напади. Но, како мислат да се изборат за место под сонцето, кога едноставно нема кој да ги предводи и да се бори во нивно име?
Точно е дека разни невладини организации имаат проекти за подобрување на положбата на сексуалните малцинства кај нас, но ниту една организација не е стриктно определена за правата на ЛГБТ-популацијата.
Засега останува мистерија како исчезна Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација - МАССО, а моментно нема најави дека неа ќе ја замени некоја нова организација, која ќе ги застапува ЛГБТ-личностите. Ме прашаа „зошто сега да се пишува за хомосексуалците, за да ги видиме и ние по улиците“? А јас им одговорив - и да не се пишува, тие постојат и пред тој факт не може да замижиме. Зар не?
Не постојат, почитувана авторке. Ќе мора да ги увеземе од запад заради побрзата евроатланска интеграција. Сега ќе се јават југендите и душегрижниците да кажат како хомосексуалноста е болест, како не е христијански, со што ќе добијат партиски и црковни поени.
Ај сега сериозно: Мораме да признаеме дека ЛГБТ луѓето имаат проблем со себеприфаќањето во ова хетеронормативно општество. Но тоа никако не ја оправдува нивната индолентност и исплашеност. Таквото однесување само ги охрабрува битангите да ги омаловажуваат, фрустрираните девојки/момчиња да крекаат против нив мислејќи дека ќе останат без партнери, огромен дел од родителите да ги воспитуваат децата во хомофобичен дух итн. Ако ЛГБТ луѓето сакаат слобода и прифаќање, мора да дејствуваат. Не можат два-тројца експонирани во цела држава да зборуваат во нивно име и да се поправат работите.
Од: Karolina
Датум: 11.11.2010 14:30:38
Tocno deka treba da se izborat za nivnite prava, ama im treba pomos od poveke od 2-3ca vo drzavata. Nikoj i ne im gi brani pravata, ili toa go pravi mnogu mlako...i jas da sum edna od niv, poprvo bi pobegnala od Makedonija otkolku da se soocam so tolkava omraza i plukanje.
Од: words of wisdom
Датум: 11.11.2010 20:33:49
Не е толку тешко да се погоди зошто ги нема. За да излезе некој да се бори за права преку протести, неопходно е да има минимум гарантирани човекови права, право на минимум слободен говор. Во Македонија тоа го нема. Наместо да се споредувате со останатите балкански држави, треба да се споредите со тоталитарни режими. Ако има ЛГБТ протести во Иран на пример, ќе има и во Македонија. Заборавате каква историја имавме со законот против дискриминација. Срамота е да ги обвинувате луѓето што страдаат секојдневно, не смеат да се искажат, а можеби и се борат против својата природа од страв да не бидат маргинализирани.
Од: MM
Датум: 11.11.2010 23:33:38
veoma dobro
Од: Deni
Датум: 12.11.2010 01:27:44
Koja crna diskriminacija? Koga nekoj bil natepan??? Pa nasive LGBT bi dale SUVO ZLATO da ima nekoj incident so niv, pa na site strani da baraat pari za "prava" i da vriskaat deka se diskriminirani.
Uste nesto: zatoa vie evicarite gubite i ke gubite izbori. Vie dlaboko, dlaboko ne go razbirate MAKEDONSKIOT narod. Makedonskiot narod e toleranten, a vie sakate uporno da go napravite deka e poln so omraza?! Ne go omalovazuvajte svojot narod, ne go zasluzuva toa.