Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Деби на Трпчески во Карнеги Хол

(12.11.2010г.09:59ч.) Македонскиот пијанист Симон Трпчески ќе биде првиот Македонец кој како солист ќе настапи на големата сцена на една од најпрестижните светски концертни сцени – Карнеги Хол во Њујорк. Заедно со Балтиморскиот симфониски оркестар и неговиот шеф-диригент, водечката светска жена зад пултот Марин Олсоп, утревечер ќе го изведат Концертот за пијано и оркестар бр. 3 на Прокофјев.
- Карнеги Хол како институција, како историја и како убавина на сала заедно со сите карактерни црти што му ги овозможува на еден уметник е дефинитивно престиж и голема мотивација. Можноста да настапи во неа е чест за еден уметник кој мора да ги исполни критериумите за концертирање во големата сала на Карнеги. Така, ова е еднакво на сон. Веројатно еден од многуте соништа за кои докрај не сум ни свесен дека сум ги отсонувал. Како дете, како студент нормално е потајно да си помислиш: дали некогаш воопшто ќе имам можност да појдам таму да ја видам, а не пак да свирим во неа; какво би било чувството... Сега кога доаѓам до еден таков момент сигурно дека чувството е убаво... Се надевам дека ќе оставам добар впечаток за повторно да се вратам во истата сала, изјави Симон Трпчески за Македонското радио пред најновиот концертен предизвик, подвлекувајќи ја можноста и на овој начин, како минатогодишен лауреат на наградата „13 Ноември“, да им го честита празникот на своите сограѓани.
Како своевидна предигра кон настапот во Њујорк, есенската серија концерти на Трпчески донесе вообичаено амбициозна динамика: по настапите низ Бразил, Ирска и Кина, следуваше повторно настап со Холандскиот радио-филхармониски оркестар во Утрехт со концерт директно пренесуван на радио и интернет и уште четири концерти со Брабантс оркестарот, потоа серија рецитали што стартуваше во Велика Британија и Италија, а и оркестарски настап во Бордо, Франција, на што се надоврзаа и двата концерта на матичната сцена на Балтиморскиот симфониски оркестар и диригентката Олсоп (11. и 12. ноември).
На рециталот во Милано во рамките на престижните „Музички вечери“ својата италијанска премиера ја доживеа и делото „Песни и шепоти“ од Панде Шахов, а вистинско надополнување на таа „македонска вечер“ беше и присуството на еден од најпознатите Македонци во светот, фудбалерот Горан Пандев. (МИА)



#
Статијата е прочитана 338 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Сами себе си аплаудираа
Деца сонуваат за подобар живот, а завршуваат во пекол
Со полиција или без неа, дивите превозници ќе останат без возила
Тиквешански
Судиите не даваат да им се чепне во платите
Хомо или фобија?
Во Пустец попусто чекаат попис
Кристина Арнаудова роди син
Криза
Антикорупциска се раскара за гонењето на Црвенковски
Лет во место
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Шарон е уште во кома, неговата политика живее
Трговија со човечки органи во Косово
Која е тајната на женскиот оргазам?
Стил






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'