Принова
Кристина Арнаудова роди син
Популарната поп-пејачка Кристина Арнаудова се породи вчера и на свет ја донесе својата прва рожба, син, кој, на заедничка желба со сопругот, ќе се вика Максим.
„Максим се роди во најубавиот пролетен ден во ноември. И двајцата сме супер“, ни изјави кратко Кристина, која се породи со царски рез во приватната болница за гинекологија и акушерство „Ремедика“ во Скопје.
Максим се роди вчера во 9,15 часот, тежок е 3.080 г, а долг 50 см. Покрај Кристина, најрадосен е, секако, и таткото, поранешниот ракометар и актиелен помошник на тренерот на „Металург“, Александар Петровски, со кого е во брак повеќе од четири години.
Нека е здрав и жив Максим и нека им носи радост на своите родители! (К.Ш.) |