Двајца повредени во превртен камион
ТЕТОВО – Двајца гостиварци се повредени при превртување на камион натоварен со дрва на автопатот Тетово - Скопје. Повредени се двајцата сопатници во камион „мерцедес“, педесет и двегодишниот З.Т. од Гостивар и Д.М. (56) од Здуње, кои се пренесени на лекување во тетовската болница.
Возачот на камионот од велешкото село Бузалково не е повреден во несреќата. Камионот со кој се превезувале дрва вчера, околу 10.20 часот, од засега непознати причини се превртел на автопатот во близина на „Петрол компани“. (Г.Е.) |