Запленети 15О килограми марихуана
ТИРАНА - Албанската полиција завчеравечер заплени 150 килограми марихуана, произведена во селото Лазарат. Според претставник на полицијата, дрогата била запленета во близина на Саранда, во јужна Албанија, во момент кога дрогата била превезувана со автомобил спрема границата со Грција. Во акцијата наречена „Еклипс“ се притворени двајца албански државјани што биле во автомобилот каде што е пронајдена дрогата, додека по други двајца е издадена потерница. Според првичните информации, дрогата била наменета за грчкиот пазар.
Само еден ден претходно, исто така, во близина на границата со Грција, албанската полиција заплени 70 килограми марихуана произведена во Лазарат. (К.М.) |