Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

За 4 години запленети над 2,5 тони дрога

ОХРИД Над 2,5 тони дрога се запленети во изминативе четири години во земјава, чија вредност на наркопазарот е над 100 милиони евра. Полицијата успеала да спречи шверц на 1,6 тони марихуана, 493 килограми кокаин, 376 килограми хероин, како и околу 26 килограми опиум.

„Во изминатите четири и пол години се откриени над 2.200 случаи од областа недозволена трговија со дрога, при што кривично беа пријавени 2.565 лица. Во овој период бележиме пораст на ефикасноста на полицијата против нелегалната трговија со дрога. Имаме 52 процента повеќе кривични пријави против лица поврзани со недозволена трговија  со дрога, како и 25 проценти зголемување на запленетата количина дрога“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на отворањето на Меѓународната конференција за „Националните стратегии за борба против трговијата со дрога - намалување на снабдувањето со дрога“, што се одржува во Охрид.

На конференцијата, која што ја организираат МВР и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), учествуваат полициски функционери и експерти од повеќе земји од регионот и пошироко, претставници на Интерпол и на други меѓународни организации. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 460 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Девојчиња тргнале на прошетка, завршиле во шума со насилник
Двајца повредени во превртен камион
Фатени фалсификатори на сини картони
Судот го спаси исказот на заштитениот сведок
Градежен работник загина на скеле
Запленети 15О килограми марихуана

"""