|
|
|
|
|
|
Фатени фалсификатори на сини картони
Фондот за здравствено осигурување на Македонија поднело кривична пријава за 10 лица до Основното јавно обвинителство - Скопје. Пријавата е за кривично дело фалсификување исправа, односно за фалсификувани картони за платено здравствено осигурување.
ФЗОМ ги открил фалсификуваните сини картони при проверката на пресметките за извршени здравствени услуги во подрачната служба во Скопје.
При проверката за исправноста на сините картони, било констатирано дека пронајдените сини каторни визуелно се разликуваат од оригиналите, а дека лицата кои се пријавени немале платено здравствено осигурување за периодот кога се лекувале, односно имале обврска здравствената услуга да ја платат од џеб. Според ФЗОМ, куриозитет претставува тоа што се фалсификувани исправи за специјалистички прегледи од нецели 400 денари, но има и здравствени услуги што чинеле 301.500 денари.
Од ФЗОМ апелираат граѓаните да не го сфаќаат синото картонче како споредна работа и да го злоупотребуваат неговото значење. (Љ.С.) |
#
|
Статијата е прочитана 784 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: zrak |
Датум: 17.06.2011 06:26:13 |
|
FZO-da ispita zosto ocniot ''doktor'' dejan od Prilep posle operacite sto gi vrsi mu gi zemva fiskalnite smetki na pacientite,a bez niv FZO ne vraka pari na ostetenite.[se somnevam deka dejan raboti nesto nezakonski] |
|
|
|
|
|
|
Од: трајко |
Датум: 17.06.2011 08:35:36 |
|
ФЗОМ да се заинтесира зошто при толку фалени здравствени реформи има луѓе кои мораат да ги злоупотребат сините картони оти немаат никаков излез да си појдат да лекар за да си го сочуваат здравјето.Што требало да направат сигурно по ваше да умрат.Како бре ни им е срам ,пак изјави за јавност портпароли.Чуда невидени.Брука за системот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Вербален Командос |
Датум: 17.06.2011 08:58:52 |
|
Ууу, какви криминалци веројатно станале побогати за еден стент или за една оперирана простата. |
|
|
|
|
|
|
Од: ket |
Датум: 17.06.2011 14:00:33 |
|
Znaci tuka ne se raboti deka pacientite gi falsifikuvale sinite kartoni (pa tie se zbogatile za eden stent ili sto da e), tuku falsifikatot go napravila organizacijata/firmata kade sto tie rabotele. Firmata ne plakala zdravstveno osiguruvanje za vrabotenite. |
|
|
|
|
|
|
|
|