Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Судот го спаси исказот на заштитениот сведок

Луѓето задолжени за одржување на компјутерскиот систем во Основниот суд Скопје 1 успеале да го спасат исказот, кој, во вторникот, го дал заштитениот сведок во судската постапка што се води за обвинетите во случајот „Метастаза“. Како што потврдуваат од кривичниот суд, исказот е обезбеден и затоа не ќе има потреба овој сведок да се појавува уште еднаш пред Судечкиот совет за да го повтори она што веќе го кажал.

Курцшлусот, како што пишувавме, се случил во понеделникот кога поради дефект на компјутерот, постоеше стравување дека не е снимен исказот што го дал заштитениот сведок пред судот. Сепак, проблемот бил решен и сведокот не ќе мора повторно да дава исказ за случајот со издавање инвалидски пензии врз база на лажни дијагнози. Од судот ве��ат дека не е прв пат да дојде до пад на системот, но досега не се случило никому од судиите да му недостигаат искази на обвинети, сведоци или некој друг доказ во предмет.

Повеќе од 40 лица, обвинети во случајот „Метастаза“, се товарат за посредување при обезбедување лажни дијагнози за инвалидски пензии. Меѓу обвинетите се и првостепената и второстепената лекарска комисија, но и голем број лекари-специјалисти. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1067 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Девојчиња тргнале на прошетка, завршиле во шума со насилник
Двајца повредени во превртен камион
Фатени фалсификатори на сини картони
За 4 години запленети над 2,5 тони дрога
Градежен работник загина на скеле
Запленети 15О килограми марихуана

"""