Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ХПВ-вакцината здравствен приоритет или нечиј профит?

За други вакцини се чека и по пет години државата да се одлучи да ги покрива трошоците

Јасмина Јовановска

Новата ХПВ-вакцина – здравствен приоритет или нечиј профит? Ваквата дилема се наметнува посебно откако гинеколозите и одредени стручњаци излегоа со контроверзности околу нејзината примена и заштита. Во медицинските кругови се дискутира дека дилемата уште повеќе се разгорува поради леснотијата со која се прифати оваа вакцина да влезе во календарот за бесплатна имунизација ако се знае дека за други вакцини се чекало со години за државата да се реши да ја стави во бесплатните државни програми. Пречката, се разбира, беше немањето пари, велат доброинформирани медицински извори, за што доволно зборува и тоа што до пред неколку години нашата држава ги добиваше вакцините како донација.

„Многу е чудно тоа што за вакцината за жолтица Б, која во светот е докажана како ефикасна, се чекаше најмалку пет години за да се убеди државата дека таа треба да стане бесплатна, зашто немаше доволно пари за проширување на програмата за имунизација. За ХПВ-вакцината не беа потребни ни две години за Владата да се одлучи да ја финансира, иако е откриена само пред три години и е мал периодот за да се согледа нејзината ефикасност“, се укажува во медицински кругови.

А пресметките изведени од официјалните статистички податоци говорат дека в година, кога вакцината ќе стане задолжителна и бесплатна, треба да се вакцинираат околу 90.000 девојчиња на возраст од 9 до 15 години. За нивното вакцинирање, според парите што се потрошени за сегашните количини вакцини, излегува дека државата треба да издвои околу 19 милиони евра. Заедно со годинашните ќе се потрошат околу 20 милиони евра само за ХПВ-вакцината. Ова оттаму што за до крајот на годината Владата одобри дополнителни количини вакцини уште за 1.500 лица, со тоа што ја помести возрасната граница од 15 на 26 години. Тоа не е ни еден отсто од потребите ако се знае дека од 9 до 26 години има над 270.000 жени.

Токму начинот на кој се фаворизира вакцината ги подели и мислењата на гинеколозите. Едни сметаат дека секоја вакцина, па и ХПВ-вакцината, е добредојдена, посебно ако е бесплатна. „Ниедна вакцина не може да ве заштити 100 отсто од болеста против која е наменета. Колку вакцината штити е индивидуална реакција во зависност од структурата и анатомијата на телото. Ниедна вакцина не е доживотна, но секако е корисна ако се знае дека кол��у-толку ќе ги заштити девојчињата од најопасните вируси - предизвикувачи на ракот на грлото на матката“, смета д-р Емилија Трајковска, претседателка на Здружението на матичните гинеколози.

Гинеколозите, пак, кои не се вклучени во проектот на Министерството за здравство и не сакаат да зборуваат јавно се скептични за вакцината, посебно со каква кампања се форсира вакцината. Според нив, вакцината нема да има ефект ако девојчињата имаат сексуални односи или ако веќе имаат докажано присуство на ХП-вирусот. Оттука, велат овие гинеколози, излегува дека џабе се фрлаат пари за вакцината кога може да се искористат за многу поприоритетни работи во здравството.

Со слично мислење во јавноста излезе и академик Георги Ефремов, кој рече дека државата има далеку поприоритетни прашања за решавање во здравството отколку да воведува бесплатна ХПВ-вакцина. Дотолку повеќе што оваа вакцина се' уште не е докрај испитана и нејзиното дејство е само пет години. И во светски рамки овие дилеми се' уште не се расчистени.

„Сите вакцини не се доживотни, па и ХПВ-вакцината - додава д-р Трајковска – но, сепак е добредојдена, зашто барем штити одреден период, иако се' уште докрај не е испитано дали заштитата нема да трае и подолго.

Д-р Горан Димитров од Клиниката за гинекологија, пак, вели дека и да имаат сексуални односи или дури и со докажано присуство на ХП-вирусот, со вакцината кај девојчињата се намалуваат шансите да се закачат опасните видови вирус отколку воопшто да не се вакцинирани.

Министерот за здравство, Бујар Османи, вели дека засега нема да ја преиспитува одлуката за бесплатната ХПВ-вакцина, зашто до Министерството нема никаква официјални реакции, туку само она што го прочитал или слушнал во медиумите. Секоја вакцина за него е чекор повеќе кон превентивата и затоа ќе ги поддржува ваквите проекти.


Статијата е прочитана 715 пати.

Испрати коментар

Од: vesna
Датум: 18.10.2008 01:39:17
Nezdravo e ova sto go pisuvate.
Од: ED
Датум: 18.10.2008 08:13:17
Odlukata za besplatna vakcinacija za HPV moze samo da bide pozdravena. Smesno e da se kritikuva, koga vakvi programi se sproveduvaat uste od minatata godina vo SAD, Kanada, Avstralija, Francija, Germanija, Italija, Velika Britanija, itn. Nikoj dosega ne gi obvini vlastite vo ovie zemji deka vakcinacijata ja sproveduvaat zaradi necij profit.
Од: ana
Датум: 18.10.2008 08:35:07
navistina e nezdravo sto pisuvate. jas da mozev da ja primam ovaa vakcina porano,sega ne ke bev na lista za cekanje za invitro .
Од: Гинеколог
Датум: 18.10.2008 10:15:04
Навистина одличен текст. Се трошат пари за вакцини кои штитат само 5 години. Вакцини за кои во светот сеуште се кршат копјата.,ама ние истрчавме на теренот, најверојатно поради поени и рејтинг, а може и поради профит.
Од: strajker
Датум: 18.10.2008 14:24:08
a kaj se nasite medicinski strucnjaci da objasnat zosto narodot se dvoumi dali da go izlozi svoeto dete vo rizik,da rizik ete jas ne sum siguren vo dobrata procenka na nasata odluka da vakcinirame nesto nase najmilo koga vo svetot znaeme deka se slucuvaat monstrumski raboti,kako pticji grip,kako novi bolesti,ete zatoa sme skeptici na vakvite vakciniranja bidejki nasite experti ne znaat da ni kazat jasno i glasno dali e bezbedno ili ne i sto e dobro a sto ne...Se znae ima edna koga ke platis ke go cenis toa sto si go kupil,a so cekanje milostinja od EU nema da znaes sto ti poklonuvaat-i Aristotel ne predupredil-Ne se raduvaj na poklonot sto ti go davaat Danajcite(grcite)oti zad nego drugo se krie...
Од: Profesor
Датум: 18.10.2008 14:42:53
Mnogu za ovaa vakcina, za virusiot HPV kako i za cervikalniot karcinom, risk faktorite i nacinot na prevencija i kontrola na bolesta, moze da se nauci vo knigata "What every woman should know about cervical cancer." Knigata e dostapna preku www.Amazon.com, a avtori se poranesni profesori na Medicinskiot fakultet vo Skopje, Belgrad i Novi Sad, koi sega ziveat vo SAD
Од: ruzica
Датум: 19.10.2008 01:24:03
lele .................... SO MISLITE ISPITNI GLUVCI SME?............ e dobro de na ovoa nase makedonce ne treba ni da mu dades a ne pa da mu zemes.............. se se gleda i se pisuva hahaahahaha

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Владата во битка со Скопје
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)
Институтот за духовно наследство на Албанците во колапс
Лерин стигна во Брисел
Зденко
Претходен број
Владата контра НБМ - бара олабавување на монетарната политика
Каде се кандидатите
Очекуван потег во лошо време
Падна првта жртва од кризата - затворена брокерска куќа
Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата
Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје
Карикатура
Verbatim