Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Владата и НБМ на различни страни околу кризата

Централната банка само кусо коментира дека будно ја следи состојбата, а ќе реагира ако има потреба

Александрија Стевковска
Нина Нинеска-Фиданоска


Власта вчера се обиде да се изземе од одговорноста за преземање акција за пресретнување на финансиската криза која го разорува светот, префрлајќи ја топката на Народна банка на Македонија, на која директно и' сугерираше да ја олабави монетарната политика. Од централната банка, пак, само кусо коментираа дека таа будно ја следи состојбата.

Имено, вицепремиерот Зоран Ставрески во колумната во завчерашното издание на весникот „Дневник“ потенцира дека фискалната власт не може многу да направи, но затоа пак на монетарните власти им стоеле на располагање повеќе инструменти за ублажување на последиците од глобалната криза. Ставрески тврди дека Владата нема многу простор за маневар во оваа ситуација, како и тоа дека таа и' олеснувала на економијата со тоа што од идната година ќе ги намалела придонесите. „Парцијални интервенции во насока на директна или индиректна буџетска поддршка за одделни сектори не се препорачливи. Тоа не значи дека не се препознаваат предизвиците со кои се соочуваат тие, особено сегменти од индустријата на метали. Напротив, тие се реални и тешки. Затоа, поддршката треба да е со мерки од посеопфатен карактер. Таква мерка во фискалниот сегмент е намалувањето на придонесите, кое е предвидено за 1 јануари 2009“, пишува Ставрески.

Но, според него, може да интервенира монетарната власт, со оглед на тоа дека состојбите во банкарскиот сектор се стабилни и тој има способност за амортизација на одредени екстерни шокови, иако ова не е време за олабавување, а индикаторите мора будно да се следат.

„Народна банка би можела да ги разгледа можностите за евентуална поддршка на реалниот сектор и економскиот раст преку намалување на базичната каматна стапка или задолжителната резерва, како што тоа го направија и го прават федералните резерви во САД или европските централни банки. Тоа е посебно значајно во овој период кога деловните банки се под притисок за зголемување на каматните стапки на кредитите за населението и претпријатијата, што повратно би можело да има негативни последици врз економскиот раст. Сепак, одлуката за ова е во целосна ингеренција на Народна банка“, смета Ставрески.

На ваквите препораки на Ставрески упатени директно до монетарните власти, гувернерот на НБМ, Петар Гошев, вчера за „Утрински“ излезе само со кус коментар дека централната банка будно ја следи ситуацијата и ќе донесе мерки кога ќе има потреба.

Според експертите, НБМ е независна институција, која секојдневно прави анализи на настаните и во зависност од своите согледувања, ја води монетарната политика на земјата. Инаку, само пред неколку дена гувернерот Гошев изјави дека НБМ засега нема донесено одлука за менување на монетарната политика. „Доколку се донесе таква одлука, јавноста ќе биде информирана“, објасни неодамна првиот човек на НБМ, Петар Гошев.

Опозицијата, пак, вчера жестоко ја критикуваше власта што се дистанцира од овој огромен проблем. Како една од главните мерки таа предложи државните гаранции на штедните влогови на граѓаните да се зголемат на 50.000 евра. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера јавно излезе со ваква препорака до власта. Инаку, во моментов, Фондот за осигурување депозити гарантира 100 отсто од влоговите до 10.000 евра и 90 проценти за депозитите до 20.000 евра.

В.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев, смета дека Владата може да интервенира во вакви околности. Но, најважно е психолошки да се смират граѓаните и да се убедат дека нивните заштеди и нивните работни места се сигурни. „Изјавите на владините министри дека нема потреба Владата да презема одредени мерки во ваква ситуација не само што не се точни туку значително влијаат и врз психолошкиот момент на домашната економија и продуцираат дополителна дестабилизација. Наша сугестија до власта е дека мора да се преземат мерки за периодот додека трае кризата“, потенцира Заев.

Според Заев, државата мора да излезе со одлука за гарантирање на депозитите до 50.000 евра. „Оваа мерка само би била следење на примерот на САД и Западна Европа, а би се реализирала со директно вложување од Буџетот во Фондот за осигурување на депозитите“, изјави Заев.

Според него, СДСМ има информации дека има повлекување на депозити од банките, но тоа уште не се чувствува во ликвидноста на банките. „Но, ако оваа тенденција продолжи, сигурно ќе има свое влијание“, вели Заев во одбрана на потребата да се зголемат гаранциите на депозитите.

Втора мерка би била укинување на данокот за капитална добивка за инвеститорите. Тоа е мерка која ја побараа инвеститорите од Владата, но се' уште не добиле одобрение, иако тоа ќе овозможи позитивен тренд на инвестирање во хартии од вредност. „Трета мерка е поевтинувањето на струјата за големите производители, како што е металургијата, кои се големи извозници и учествуваат со над една четвртина во БДП. Овие фирми зафаќаат 45 отсто од извозот, а сега од нив се отпуштени 1.500 вработени“, додаде лидерот на СДСМ.

Покрај овие мерки, опозицијата предлага директни субвенции од Буџетот за покривање на транспортните трошоци на сите извозни претпријатија во државата. „Предлагаме пренамена на досегашните непродуктивни буџетски расходи за договори на дела и рекламирањето да одат во директни стимулации за фирмите со што тие би биле сочувани и нивните вработени, преку откажување на државата од делот на придонесите за овие вработени“, додава Заев. Овие мерки, според опозицијата, би ги намалиле негативните последици видливи преку драстичното паѓање на македонскиот берзански индекс и повлекувањето на меѓународни фондови на Берзата. „Влијание од глобалната економска криза трпи и банкарскиот сектор во земјата, односно банките функционираат во услови во кои освен на постојните клиенти не даваат кредити на ниту еден друг граѓанин или правен субјект, кој не е клиент на банката, а постои и страв кај банките штедачите да не ги повлечат своите депозити“, додаде Заев.


Статијата е прочитана 593 пати.

Испрати коментар

Од: Alex
Датум: 18.10.2008 06:29:31
Pa najnormalno.Bukvalno nasekade vo zapadnite zemji kamatnite stapki na nivnite rezervni banki se namalija-a po toa sledea i drugite banki..Izgleda nashive "vrvni"bankari od NBM imaat poinakov stav pa zatoa bankite namesto da gi namalat kamatnite stapki-tie gi zgolemija.Koja ekonomska anomalija.So cetvrto oddelenie i veceren kurs-nema bankari tuku semkari,toa e problemot kaj nas.A onie mladichi koi stvarno imaat poznavanje-brojat kocki po charshija!!!Zalno no vistinito.
Од: Atanasija
Датум: 18.10.2008 09:46:12
Ne mora da e covek ekspert po ekonomija da znae deka Vladata-spored ona sto go pisuva g.Stavrevski,se ostava "za v godina,ova vreme".Ja znaete onaa narodnata ,koga se veli v godina ova vreme,toa znaci potraj konju do"namaluvanje na pridonesite"Vladata se distancira od Narodna banka,a ovaa Banka pak kako da vodi kaznena politika so mnogubrojnite stedaci so mali depoziti-im garantira sigurnost na vlogovite do 10.000 evra,a ako nekoj moze da vnese uste,na primer 50,sto gi zastedil za nekoe vreme,dobiva garancija za samo 90posto na celokupniot vlog.Prvpat sega gledame SDSM da se zalaga za povisok prag na garancija na vlogovite,sto ke gi ohrabri stedacite koi mozat -ako mozat,po 20,50 evra mesecno da zasteduvaat i da vlozuvaat vo bankite.Toa ne e mnogu za bankite,no koga ke se pomnozi so golem broj ,aj da kazeme,stedaci na sitno-ke se dobie mnogu.Samo zgolemuvanjeto na garancijata ke go ohrabri stedenjeto
Од: Darko
Датум: 18.10.2008 18:08:54
Единственото нешто што треба во Македонија е да се смират паничарите кои ќе потрчаат во банките да вадат пари, од причини кои ни сами не ги знаат. Гарантирање на влогови до 50.000 еур. Смешно!. Стави ги парите во 5 банки и ете ти го истиот ефект.А и не знам баш колку луѓе имаат 50.000 еур во банка. Што се однесува до намалување на каматни стапки, инфлација не се запира со намалување на каматни стапки. Треба само да се види дали може да им се помогне на металургијата, ама не по секоја цена, само ако може и е исплатливо на рок до 5 години.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Владата во битка со Скопје
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)
Институтот за духовно наследство на Албанците во колапс
Лерин стигна во Брисел
Зденко
Претходен број
ХПВ-вакцината здравствен приоритет или нечиј профит?
Каде се кандидатите
Очекуван потег во лошо време
Падна првта жртва од кризата - затворена брокерска куќа
Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата
Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје
Карикатура
Verbatim