Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Каде се кандидатите

 Соња Крамарска

Најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, очигледно, се' уште немаат кандидати за претседател на државата. Изборите треба да се одржат на 15 март идната година, а раководствата и на двете партии немаат претстава кои ќе им бидат кандидати.

Ова е поразително сознание. Претседателската функција во државата е највисока и најпрестижна и воопшто не треба да биде сеедно кој ќе седи во претседателскиот кабинет. Во други земји, на претседателските избори не само што им се придава големо значење и ги издигнуваат на ниво на најважен политички спектакл туку подготовката на кандидатите трае со години.

Кај нас не е така. Кај нас остануваат уште пет месеци до изборите, а ние не знаеме кои се кандидатите. Изгледа на партиите, чијашто машинерија го избира претседателот, им е поважно дали ќе најдат личност која лесно ќе ја контролираат отколку квалитетот на кандидатот за претседател. Затоа и ни се случува на високи функции да доаѓаат случајни луѓе кои подоцна не можат да се снајдат.

Со оглед на фактот што претседателот во Македонија се избира на непосредни избори, вистинска катастрофа е што формалните партиски номинации се случуваат во последен момент. На претседателските избори што наближуваат граѓаните ќе гласаат за личност што партиските врвови ја лансирале „неколку часа“ пред изборите. Во зависност од процената на партиските лидери дали таа личност им е доволно лојална за да ја наградат со највисоката функција.

Но, тоа е така, всушност, и со некои други високи функции. Сепак, штета е и опасно што истата формула се применува и за највисоката функција.


Статијата е прочитана 822 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 18.10.2008 00:19:15
Pa evo nekako VMRO-vcive se pufkaat i sramezlivo go ufrlaat brat Ljube kako proben balon, e sega dali ke pukne od prenaduenost ili ke odat so drug kandidat kako na primer mnogu nadez mu davaat na onoj perspektiven ekonomist Stavreski (koj ne uspea da ja prodade termocentralata Negotino, a ne pak nesto da izgradi), a SDS uste kako da nemaat zrel kandidat???
Од: glasot na vistinata
Датум: 18.10.2008 02:15:50
Poarno sto nema kandidati, inaku kampanjata ke pocne uste sega, pa budzetot uste ke se prazni i pak ke pobedi VMRO i nie ke si ostanime so prazni race i uste poprazni dzebovi.
Од: Maja
Датум: 18.10.2008 16:28:34
Gruevski instalira svoi ludje vo site pori od opstestveniot zivot kaj nas, a isto taka pocnuva toa da go pravi i vo nasite privatni zivoti. Zamislete na sto ce licat nasite "nezavisni" mediumi ako sega opozicijata isfrli pretsedatelski kandidat.
Од: demokrat
Датум: 18.10.2008 17:16:13
Ај честито СДСМ на чело со ,,замисли“ Брат Љубе?!?!?! А бре комунисти, не знаете кој пат да го фатите! Со среќа кандидатот.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Владата во битка со Скопје
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)
Институтот за духовно наследство на Албанците во колапс
Лерин стигна во Брисел
Зденко
Претходен број
Владата контра НБМ - бара олабавување на монетарната политика
ХПВ-вакцината здравствен приоритет или нечиј профит?
Очекуван потег во лошо време
Падна првта жртва од кризата - затворена брокерска куќа
Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата
Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје
Карикатура
Verbatim