Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Владата во битка со Скопје

Билјана Ангеловска

Нецели шест месеци пред избори, Владата е во голема кавга со главниот град. Расправиите и заемните обвинувања добиваат во интензитет од ден на ден, а чашата ја наполни докрај владината одлука да купи двокактни автобуси за јавниот превоз на Скопје.

Напнатост и нетрпеливост. Тоа се главните карактеристики што одамна и' дадоа печат на комуникацијата помеѓу Трифун Костовски и Владата. Дека нешто не штима меѓу градоначалникот на Скопје и централната власт, се виде многу брзо по локалните избори.

Иако Костовски дојде на чело на главниот град како независен кандидат, но со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, кратко откако седна во градоначалничката фотелја тој остана осамен во напорите да ги реализира своите идеи. Да биде работата уште полоша, Владата му стана нелојална конкуренција на Градот Скопје.

Вистина е дека децентрализацијата не функционира во главниот град. Отпрвин полека, а сега веќе се' поагресивно и појавно Владата ја презема контролата врз целокупното живеење во Скопје. Впечаток е дека урбанистичката, економската и на крајот социјалната сфера на градското пулсирање имаат централизирано водење. Како да не постои локална власт во главниот град.

Од една страна, на градоначалникот му се врзани рацете, бидејќи неговата моќ е ограничена и со пари и со надлежности, а, од друга, централната власт му се меша и во тие мали ингеренции што ги има. Згора на се', ретко, речиси никогаш не му помага, а кога таа сама ќе одлучи да стори нешто за Скопје, тогаш тоа го прави, едноставно кажано, на многу чуден начин.

Случајот со набавката на автобусите е најдобар пример за тоа. Кога Костовски сакаше да се задолжи за да купи нови автобуси, Министерството за финансии не му дозволи, бидејќи Градот Скопје не смееше да се задолжува пред да премине на фискална децентрализација. Тогаш државата не се ни обиде да побара некое решение. Сега, Владата реши сама да набави автобуси за градскиот превоз, но и сама да одлучи колку, какви и од каде.

Наместо да си ја гледа својата работа и да остави секој да си ја исполни својата обврска, Владата од позиција на власт и на моќ, бидејќи таа дава пари, си зема за право да се меша во работењето на другите, па дури и да наредува кој што да работи.

Така, завчера, во улога на владин гласноговорник се појави вицепремиерот Ивица Боцевски и го искара Градот да почне „да се занимава со сериозни работи и да се подготви за прием на двокатните автобуси“?

Но, и покрај напорите да биде сериозен и да и' даде „тежина“ на изјавата, вицепремиерот за евроинтеграции немаше храброст да каже ниту еден збор за долгот што го има државата кон истото тоа ЈП, коешто го тера да се подготви за новите автобуси. Нападот е најдобра одбрана, па наместо да се оправда за неисполнетата обврска, Боцевски ја „одбрани“ Владата со бледи изговори дека двокатните автобуси ќе биле најсовремени, еколошки и ќе го врателе духот на старо Скопје.

Примерот со владеењето во Скопје, веројатно, не е единствен, иако е сигурно најизразен во споредба со другите градови во државава. Претстојните избори напролет можеби ќе донесат некакви промени во практикувањето на власта на централно и на локално ниво. Сепак, досегашното искуство не влева многу надеж дека нешто драстично ќе се смени.

Веројатно ќе биде добро само ако на двете нивоа владее една партија или коалиција. Градот Скопје и Владата мора да кохабитираат, а не да си конкурираат. Иако и конкуренцијата може да биде продуктивна, но само доколку е позитивна. Во спротивно, таа го запира напредокот.


Статијата е прочитана 622 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 18.10.2008 00:24:47
Rabotava e veke videna od tipot STRIZENO-KOSENO, normalno posledicite si gi trpat Skopjanite, ama koga imaat takov Gradonacalnik i takva prosperitetna Vlada koj im e kriv??? Ovaa kombinacija na neasolni i na son ne mozat da ja vidat... Zdravje i ova ke pomine, ke dojdat dvokatni avtobusi, posle trokatni tramvai.... i taka stignuvame do Stokatnicite vo Aerodrom... Aferim Makedonijo...
Од: citac
Датум: 18.10.2008 03:03:47
Tesko na narodot so vakva vlada.Za niv nitu eden gradonacalnik nema da bide dobar bidejki bes pari nikoj nemoze da napravi nisto za gradot , a parite se vo racete na vladat
Од: strajker
Датум: 18.10.2008 14:16:10
koj ni e kriv koga VMRO-DPMNE stava sekogas vo Skopje gradonacalnici koi se puleni skrieni na B.C,taka bese i so Penov i so Kostovski,gi dobija glasovite od VMRI i posle koketiraa i se vitkaa kon Brane,abe so ligusi ne moze napred be ,ako ti go dale glasot VMRO ke igras so niv i ke odi Skopje napred a ne aj glasajte Vmrovci za mene pa posle ke gi ispolnuvam agendite na BOSOT B.C e taka ne moze!A za Gruevski sovet:Stavi prav VMRO za gradonacalnik eve ti predlog,neka bide ili Koce Trajanov ili pa zosto da ne Filip Petrovski!
Од: meto
Датум: 18.10.2008 15:41:25
Написот заслужува посебно внимание за анализа на стручната и експертската јавност ,а посебно за компетенноста на оние кои ни смислија ваков Закон за локална замоуправа.,но и за „системот за децентрализација„(каква глупост).По тоа ке се види дека македонските политичари не се подготвени за демократско владеење.Само власт и ништо повеке.Скопје е карикатура на децентрализацијата,на функционирањето на локалната власт.Типичен пример како не треба да се работи (се однесува и на централната власт).
Од: Marija
Датум: 18.10.2008 16:34:50
Dosta mi e od stariot duh na zivotot. Aj, ve molam ako e sposobna ovaa vlada neka ni ovozmozi da ziveeme vo 21 vek, a ne da ne vraca vo 18, 19 vek ili, ne daj boze, vo vremeto na Aleksandar. Na narodot mu e dosta od populistickite metodi na ovaa vlada, saka normalno da zivee bez strav deka i koga ke go otvori friziderot ke go vidi gruevski i negoviot rejting.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)
Институтот за духовно наследство на Албанците во колапс
Лерин стигна во Брисел
Зденко
Претходен број
Владата контра НБМ - бара олабавување на монетарната политика
ХПВ-вакцината здравствен приоритет или нечиј профит?
Каде се кандидатите
Очекуван потег во лошо време
Падна првта жртва од кризата - затворена брокерска куќа
Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата
Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје
Карикатура
Verbatim