Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Очекуван потег во лошо време

 Филип Петровски

Косово беше инсталирано од големи играчи во меѓународната политика и што може ние да направиме тука поразлично од западниот свет?

Како и што си мислев, помина уште една недела, а од Хисен Џемаили ни трага. Но, слушнавме глас. Поточно слушнавме негова закана дека ќе дојдел на судското рочиште, ама судот прво требал да расправа за симнување на неговата мерка притвор. Затоа што тој така смета дека е право. Прво најавуваше дека нема да се повикува на имунитетот, јавно потпишување на некакви ливчиња хартија дека ќе биде присутен цело време, а сега најавува дека ќе дојде на судското рочиште сигурно. Целиот случај се претвори во циркус. Најави, одјави, лаги, закани. Се' си имаме. Вистинска драма, забава на народот. Баш ме интересира какво ќе биде рочиштето идната недела. Да видиме дали навистина Хисен ќе се појави во суд. Или нешто друго се случува зад параванот. Многу ме интересира како ќе реагира судот на отворено изречените закани, дали ќе го задржи своето достоинство и независност и ќе се зафати со расчистување на овие криминални и ѕверски случаи коишто ниту во сон не можат да бидат амнестирани.

Во меѓувреме го признавме Косово. Веднаш да кажам дека е тоа легитимна одлука на нашата држава. Како што стојат работите во државава, но и околу нас, целото балканско опкружување, немавме друга можност. Косово беше инсталирано од големи играчи во меѓународната политика и едноставно постои. Што може ние да направиме тука поразлично од западниот свет? Особено ако се земе предвид дека имаме големо малцинство кое има свои роднински и секакви други релации со Косово. Одозгора на тоа, навистина и македонската економија има свои силни аргументи за соработка со таа држава. Ако не се лажам, со Косово имаме суфицит, што е навистина редок пример. Значи, секој што и бегло се занимава со анализирање на состојбите знаеше дека до признавање ќе дојде. Само, бидејќи се одолжи, повеќето почнаа да се прашуваат каква е таа наша тактика? Што е, всушност, нашата скриена намера и како тоа низ дипломатските лавиринти ќе го изведеме?!

Нашите првенци долго време изјавуваа дека ќе го заокружат процесот во најдобар можен интерес за Македонија. Потсетувам дека од денот на објавувањето на својата независност нашата држава имаше отворен притисок од страна на западните сојузници да го следи нивниот пример и да го стори истото. За да не се залажуваме, овој притисок се нема случено само со нас. Подолго време беше подготвувана независност на Косово и неа не можеа да ја видат само оние што не сакаа да ја видат. Заокружувањето на овој процес, односно што ќе се случи, се насетуваше уште во 1999 година, по интервенцијата на НАТО во Југославија. Од тогаш единствено требаше само да се најдат вистинските магистрали по кои целата работа ќе се турка. Затоа велам дека моравме да видиме што ќе се случува и сосема легитимно да се подготвиме како ќе реагираме како држава. Нормално е да сакаме да ги заштитиме сопствените интереси, својата економија, но и да излеземе во пресрет на дел од сопствените граѓани кои жестоко притискаа тоа признавање и да се случи. Македонија е сосед со Косово, а не со Уганда!

Сепак, да преиспитаме дали минатонеделното признавање и спакуваната аргументација беа најдобри. Да промислиме дали начинот на кој го признавме Косово беше најсоодветниот, односно дали го погодивме моментот. Особено што одолжувањето кое се покриваше со некакви анализи, за кои досега не слушнавме ниту збор преку средствата за масовно информирање, како и низ каква било стручна расправа, доведе до некаква консолидација од српска страна. Србите го издржаа првиот удар од признавањето и во нивен манир, тврдоглаво не се откажуваат од притисок. Дури и за мене неочекувано, успеаја прилично да го забават признавањето на Косово. Се чини дека динамиката која беше проектирана во февруари не се исполни. Помпезно најавуваното признавање од голем број држави се забави малку. Во меѓувреме, како што реков, во својата силна настојчивост и, за разлика од нас, користејќи дипломатски алатки, Србите смислија уште еден начин како да ја одолжуваат работата. Поднесоа резолуција на гласање пред Генералното собрание на ООН. Вревата што ја подигнаа, секако, добро промислено, даде резултат. Генералното собрание гласаше во нивна полза, усвојувајќи го предлогот по прашањето на легалноста на еднострано прогласената независност на Косово да се изјасни меѓународниот суд на правдата. Македонија во овој случај гласаше воздржано. Образложението беше дека ние не сме сакале да се мешаме во тие работи. За веќе утредента да го признаеме Косово.

Да не се разбереме погрешно. Како што стојат работите во светов, усвојувањето на Резолуцијата не може да ги промени многу работите. Тоа го знаат и Србите. Мислењето на судот е само советодавно. Па, сепак, тие се определија да го тестираат меѓународниот поредок, неговата функционалност, и, секако, да им ги искомплицираат плановите на Американците. Се' на се', работата навистина е комплицирана. Усвојувањето на Резолуцијата е голема новела за овие простори, но само во временска рамка по распаѓањето на некогашна Југославија. Поранешната југословенска дипломатија беше многу вешта во користењето на алатките кои можеа да и' донесат корист во ООН. Постојат томови пишани документи за применувањето на сите можни тактики како да се стекне дипломатска предност, кога е во прашање дури еден СССР во времето на Информбирото. Ама со текот на времето, сето сеќавање поврзано со таа дипломатска практика, како што гледам избледело. Ништо од тоа не се обидуваме да инкорпорираме во нашето дејствување во ООН, како и во нашата меѓународната комуникација.

Во моменти кога Србија славеше, ликуваше, само еден ден по гласањето на Резолуцијата, ние го признавме Косово. Сето тоа го дознав преку кабелската програма на Црна Гора, која уште додека нашето Собрание, наводно, расправаше како да се постапи, јави дека нашите две држави веќе се договориле да настапат координирано во признавањето. Ќе се согласите ова беше мала измама на јавното мислење. Нејсе. Веројатно се сметаше дека на тој начин бесот на Србија ќе биде поделен и со помалку притисок ќе продолжи дипломатската комуникација. Веќе утредента Србија, опиена од своите дипломатски успеси, ги протера двајцата амбасадори, на Македонија и на Црна Гора...

Како ќе се одвиваат работите во иднина, останува да видиме. Според мене, кога веќе беше јасно дека не можеме да го издржиме притисокот и дека мораме да го признаеме Косово, тоа требаше да се направи во истиот круг со Бугарија, Хрватска и Унгарија, во март годинава. Повеќе од сигурен сум дека тогаш реакцијата на Србија немаше ниту одблиску да биде ваква каква што беше сега. Сигурно немаше да ја двојат Македонија и само нашиот амбасадор да го протеруваат. Плус, се' уште ја немаа Резолуцијата на ООН.

(Авторот е магистер по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk


Статијата е прочитана 1182 пати.

Испрати коментар

Од: Petre
Датум: 18.10.2008 02:01:48
Da nemavme drug izbor,gi szdadovme nashite braca e sega neka ni e na zdravje vo ne taka dalecna idnina ce bideme primorani nekoja druga teritorija da priznaeme,toa vece i vrapcinata go znaat ,Pozdrav do site se nadevam deka ce go objavite
Од: trpe
Датум: 18.10.2008 05:02:24
Totalno pogresen poteg vo pogresno vreme e ispraven naslov gospodine Filipe.Toa im e jasno na 99% makedonci ( ne mislam na albancite), izgleda samo tebe ne ti vleguva vo glava ili pak taka ti cini da pisuvas od pricini samo tebe poznati.Da te citiram:"Нормално е да сакаме да ги заштитиме сопствените интереси, својата економија, но и да излеземе во пресрет на дел од сопствените граѓани кои жестоко притискаа тоа признавање и да се случи. Македонија е сосед со Косово, а не со Уганда!-zavrsen citat.Pogolema glupost ne sum procital vo moite 54 godini.Kosovo ne bilo Uganda, toa znaci deka Srbija po tebe e Burundi?Kosovo duri sega ce bide Uganda zasekogas.Makedonija zaraboti uste eden komsija koj utre so pravo ce zastane protiv Makedonija-zemja so nedefinirano ime i granici.Dosta vece pisuvas podlizurkovski, se znae koj i zosto stoi zad Kosovo.Pisuvas kako nekoj dobro da te platil za toa.A, politicarcinjata makedonski isti se kako tebe.Ova e pocetok na krajot na imeto i drzavata Makedonija.
Од: mene
Датум: 18.10.2008 08:23:58
Има една изрека: ум царува, ум робува. Па ние како сеуште да робуваме на спомените од бивша СФРЈ и на стравот Србија да не ни се налути. Косово е независна држава, меѓународно призната. Косово е наш сосед. А ние функционираме под притисок, па така беше и овој пат. До кога ќе се плашиме србите да не ги навредиме, кога нивните националистички апетити не стивнуваат, носталгичарат по Југославија преку глупави забавни емисии, тешко разбираат македонски, а се заканија дека ќе не викаат БЈРМ. Време е да се грижиме за сопственото достоинство и политички, а и економски интереси.
Од: Darko Grubor
Датум: 18.10.2008 08:28:57
Srbite gospodine Petrovski gi ima i vo Makedonija i so priznavanjeto na Kosovo e zadovolen eden del od naselenieto vo Makedonija ...a drugiot del nikogas nema da go zaboravi ovaa predavstvo a kako magister po megjunarodna politika treba da dodadete vase strucno mislenje dali Makedonija go prekrsi megjunarodnoto pravo i dali nie kako sosed ucestvuvavme vo zlostorstvo? Koj toa ja ucenuvase Makedonija??Kakvi zakani imase Makedonija i od kogo?? Dali neutralnosta e stetna ili korisna?? Ako imate podeleno mislenje vo sopstvenata drzava najdobro ke bese Makedonija da ostane neutralna. Mnogu pogolemi i pojaki zemji ne go priznaa Kosovo i mnogu poslabi i pomali istotaka no vo genite na Makedoncite e da od svojot kukavicluk bidat nisto drugo sem robovi...sekoja cest na isklucocite.
Од: Itar Peyo
Датум: 18.10.2008 09:28:54
Odlicna argumentacija za pricinite za priznavanje na Kosovo. Istiov tekst Filip ce moze naskoro uste ednas da go objavi zamenuvajci go "priznavanjeto na Kosovo" so "promena na imeto". A sto se odnesuva na Hisen, sto pati sum prasal, zosto nikoj ne se interesira za izceznatite makedonci i albanci? 60 (izgubeni ?) zivoti se vo prasanje!
Од: Mende
Датум: 18.10.2008 11:41:41
abe luge dogovor megu Ahmeti i Gruevski so se cudite. Za da mu se sudi na ovie od ONA so gi macea rabotnicite site nie ke ja platime cenata. Naj tragicno od se e faktot sto Kosovo ne ne priznava nas kako drzava i ne ni ja priznava granicata. Ova so ekonomijata nema vrska, naj nov izgovor e deka ke sme zemale kumur za termocentralite i zatoa go priznale, a ako pametite pred edna godina ministerot Konjanovski, togas direktor na REK Bitola secese lenti vo noviot rudnik za jaglen koj trebase za 20godini da ne obezbedi so jaglen ama seto toa bese PREDIZBORNA FARSA. Toa se slucuva vo drzavata samo farsi i mackanje na oci.
Од: strajker
Датум: 18.10.2008 13:52:16
bravo Filipe,se slozuvam so tebe i sakam da npravime sredba i muabet,a za Trpe,neka znae edno deka za drzavava sto ne ni e so odbelezani granici i sto nema ime e kriv nikoj drug tuku negoviot B.C koj ne stana na MKD himnata koga nie se osamostoivme i nemase verba deka ke preziveeme kako drzava,blagodarejki na VMRO-DPMNE i sega blagodarejki pak na Nikola i se nadevam doagjanjeto na Brat Ljube povtorno ke zazivee Makedonizmot a takvite kako Trpe koi trpat i cekaat od boga rosicka ke si zaminat od nasata istorija samo kako zaspani ubavici i bezrbetnici,oktopodi i kako uste ne da gi narecam tie kocnicari na svojata zemja a spiuni na sosedite...
Од: Poranesen Minister
Датум: 18.10.2008 17:09:26
Sudot treba za RM da bide Prva, a ne poslednata opcija. Nie nema da gi tuzime Grcite, tuku Generalnoto sobranie na ON samo ke pobara Mislenje, ottamu nema potreba Vremena spogodba da se raskine. Ovaa bi trebala da se raskine dokolku direktno bi ja tuzile Grcija. A toa nee slucaj. Nisto ne preci na RM da dobije Mislenje. Po dobivanje S. Mislenje Generalnoto sobranie ke go prifati i ke mora veke da ne go koristi FYROM i mora da vospostavi RM vo organite na OON.
Од: kole
Датум: 18.10.2008 17:10:43
Komentarot na Trpe mi se dopadna, ama od Strajker (so polno pravo za svoe mislenje) voopsto ne odgovara na faktite. Jasno e na koja opcija pripagja, samo sto ovie negovive cepenici se unistuvaat, a koga bea drugite barem se osekja deka drzavata funkcionira i opstojuva, koga se negovive privrzanici Makedonija e na stakleni nodzinja... Aferim Makedonijo sama si glasa na 1.06.2008...
Од: commanddevil
Датум: 18.10.2008 18:38:39
priznavanjeto na kosovo znaci PREDAVSTVO na nasite SLavenski braka

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Владата во битка со Скопје
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)
Институтот за духовно наследство на Албанците во колапс
Лерин стигна во Брисел
Зденко
Претходен број
Владата контра НБМ - бара олабавување на монетарната политика
ХПВ-вакцината здравствен приоритет или нечиј профит?
Каде се кандидатите
Падна првта жртва од кризата - затворена брокерска куќа
Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата
Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје
Карикатура
Verbatim