Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата

Љупчо Крстевски (45) е обвинет за убиство на сопругата Виолета (37)

Македонски иселеник во САД ја застрелал својата сопруга, исто така нашинка, по што таа починала во болница во државата Охајо, објави вчера тамошните медиуми. Обвинетиот Љупчо Крстевски (45) пред две години бил кривично гонет за семејно насилство откако ја претепал сопругата Виолета (37) и го грабнал за коса нивниот син Теодор (20). Подоцна бил ослободен, бидејќи судот пресудил дека Крстевски бил психички растроен во тоа време. Семејството Крстевски имале и ќерка, 16-годишната Кристина. Против Љупчо Крстевски е поднесена кривична пријава за убиство.

Според американскиот медиум, инцидентот се случил минатиот петок во куќата на Крстевски во областа Кантон. По една расправија, Крстевски со пиштол неколкупати ја застрелал Виолета во главата и вратот, што резултирало со тешки повреди, модринки и крвавење. Синот Теодор ја пронашол во бањата на нивниот дом, објавија медиумите. Тој ја пренел мајка си во болницата „Мерси медикал“, каде што починала по хируршкиот зафат во средата.

„Македонците Љупчо Крстевски и неговиот татко Тодор дошле во Америка и живееле кратко време во Њу Џерси, а потоа Љупчо се вратил во Македонија за да се венча со Виолета. Крстевски ја донел тинејџерката Виолета во САД, како дел од договорен брак, вели синот Теодор, кој, сепак, смета дека неговите родители се сакале“, пишуваат медиумите.

Виолета работела во корпорацијата каде што се произведуваат делови за термостати, како и во службата за домашна здравствена нега, а Љупчо не работел. Теодор вели дека неговата мајка правела се' за своите две деца.

„Таа ме поддржуваше во се' што правев. Нејзиниот живот се одвиваше околу децата. Таа живееше за децата. Се' што правеше беше работа само за нас. Ако имаше слободно време, тоа ќе беше само за да се релаксира. Ние бевме нејзиниот живот“, вели Теодор, кој е тапанар во локалниот бенд „40-ти“.

Дедото на Теодор, Тодор Крстевски, живее со семејството. Теодор објаснува дека неговиот 76-годишен дедо, кој не зборува англиски, бил близок со двајцата негови родители. Колегите на Виолета велат дека таа била „најдобрата личност со која може да се соработува“. (Г.А.)


Статијата е проч��тана 5066 пати.

Испрати коментар

Од: Dejan
Датум: 18.10.2008 07:48:10
Neka si najde sega nekoja Amerikanka za koja ce treba da raboti denonokno za manikjur i pedikjur, i na kraj taa se ce mu zeme i ce mu udri kloca i ce go ostavi kako kuce na ulica. Glupak ...
Од: Irena
Датум: 18.10.2008 10:01:21
Za vakvi monstrumi povtorno treba da se vrati zakonot za smrtna kazna. Zalosno za g-ta. Za zal vakvi idioti ima mnogu i nasekade na svetot.
Од: Realen
Датум: 18.10.2008 10:05:22
Mozda zrtvata bila dobra kako majka,megutoa kako sopruga i zena bila nula,sekako deka ne go opravduvam ubistvoto,ama mora da se vidat dvete strani na medaljata.Ima mnogu zeni koi vrsat psihicki teror vrz mazite,i obratno,kade sto mazite se nasilnici.Znaci treba da se vidat dvete strani.Ima zeni,dodeka se omazat ,mislis deka se najdobri na svetot,duri koga ke gi ozenis ke vidis koi gubre si zemal,toa isto vazi i za maskata strana.Mozda ,nesvesno ili svesno go provocirala da covek postapi na takov nacin,i vo odreden moment covek gubi kontrola nad sebe.Sepak imalo drug nacin na resavanje na problemot,nikako so ubistvo...
Од: riki
Датум: 18.10.2008 10:13:50
moze da najde samo nekoj amerikanec vo zatvor a ne i amerikanka
Од: Sawoy
Датум: 18.10.2008 10:44:24
zalosno
Од: makedonka
Датум: 18.10.2008 11:04:26
Koga go procitav ovoj del od tekstot ("Таа ме поддржуваше во се' што правев. Нејзиниот живот се одвиваше околу децата. Таа живееше за децата. Се' што правеше беше работа само за нас.) se prasuvam dali sinot Teodor (i site sinovi i kerki makedonci) voopsto razmisluvaat za zivotot na nivnite roditeli?Toj e ponosen so toa deka negovata majka ziveela samo za nego!!! Egoist!!! Dali razmisluva nekoj za majkite koi eve se "zrtvuvaat", za decata, koi od kako ke se rodat pak do deka ke gi utepa soprugot im sluzat na mazite (na svekor, soprug i sin, gazda) deka toa e NORMALNO? Dali makedonskite sinovi gi uci nekoj deka i majkite zasluzuvaat da bidat sakani, pocituvani, neguvani? Poraka do Dejan: ne mora da se odi od edna ekstrema vo druga, vo eden brak pomegju partnerite postoi ljubov, razbiranje pocituvanje i grizenje eden za drug. Poraka do site zeni: vreme e da pocnete da se grizite prvo za sebe a potoa za drugite, od pofalbite nad vasiot grob nemate nikakva korist...
Од: nune
Датум: 18.10.2008 11:10:30
Eeee, ova se nasite Makedonci, niti vo amerika ne gi zbira da ziveat kako sto treba. Toa sme nie makedoncite!!!!
Од: goran
Датум: 19.10.2008 01:28:32
problemot e vo zenata, go nacekala mazot, momentalna slabost bez rabota i pari i vrsela psiholoski pritisok kako nesposoben maz i na covekot mu puknal filmot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Владата во битка со Скопје
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)
Институтот за духовно наследство на Албанците во колапс
Лерин стигна во Брисел
Зденко
Претходен број
Владата контра НБМ - бара олабавување на монетарната политика
ХПВ-вакцината здравствен приоритет или нечиј профит?
Каде се кандидатите
Очекуван потег во лошо време
Падна првта жртва од кризата - затворена брокерска куќа
Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје
Карикатура
Verbatim