Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Свет

Словачки политичар бара план Б за откажување од еврото

БРИСЕЛ - Словачка, која минатата година се приклучи кон еврозоната, треба да има „план Б“ за враќање на нејзината национал��а валута, изјави спикерот на парламентот Ричард Сулик, во врска со фрустрациите околу начинот на кој еврозоната се справува со должничката криза. „Дојдено е времето Словачка да престане слепо да верува во она што го велат лидерите од еврозоната и да подготви план Б. Тоа е повторно воведување на словачката круна“, истакна Сулик во колумната објавена во деловниот дневен весник „Хосподарске новини“ во неделата. Тој додава: „Бидејќи ние сме премала земја за значително да влијаеме на дејствувањето на ЕУ, мора барем да ги заштитиме вредностите создадени од луѓето кои живеат во Словачка“.

Гледиштата на Сулик се одраз на поширокото незадоволство од одлуките што ги донесе еврозоната откако избувна грчката криза. Словачката централнодесничарска влада постојано ги повикуваше приватните инвеститори да ја почувствуваат болката од каква било спасувачка операција под закрила на еврозоната. Таа смета дека спасувањето на Грција е грешка поради која европските влади станаа заложник на финансиските пазари.

Парламентарниот спикер изјави дека е „неодговорно“ државите да ризикуваат финансиски проблеми на домашната сцена, преземајќи обврски од нивните задолжени колеги во согласност со Европскиот механизам за финансиска стабилност, привремено средство за спасување што беше договорено во мај, а сега обезбедува помош за Ирска. Тој, исто така, ја критикуваше Европската централна банка за нејзината политика на купување обврзници од земјите на ЕУ.

Словачкиот премиер Ивета Радикова и министерот за финансии Иван Миклош, брзо реагираа на коментарите на Сулик, кој, исто така, ја води помладата коалициска партија Слобода и солидарност, и е познато дека учествувал во воведувањето на рамниот данок во Словачка.

Во долгорочни рамки, предностите на еврото за словачката економија ги надминуваат неговите негативности, истакна портпаролот на Радикова за дневниот весник СМЕ: „Поради тоа ние преферираме решенија што се базираат на факти за екстремни сценарија“.

Според министерот за финансии: „Треба секогаш да бидеме подготвени за сите опции, но сега мора да се направи се' за зајакнување на еврото“. Трошоците и последиците од повторно воведување на круната би биле огромни, укажа тој.

Некои аналитичари ги опишаа коментарите на Сулик како опасни, истакнувајќи дека тие би можеле да влијаат на инвеститорите кои ги чуваат обврзниците на словачката влада, или размислуваат за инвестирање во земјата. Братислава треба да рефинансира околу осум милијарди евра од нејзиниот долг следната година, а политичарите кои создадоа неизвесност играат со оган, смета главниот аналитичар на Фолксбанк Словенско, Владимир Вано. (ЕУ Обсервер)


#
Статијата е прочитана 628 пати.

Испрати коментар

Од: девичанецот
Датум: 15.12.2010 14:11:21
Молам нашиот министер за Евроинтеграции нека го прочита ова. А и малку нека проанализира зошто Чешка не е во Еврозоната и какво е мислењето на нејзината Влада по тоа прашање.Нека ја има во предвид и последната изјава на Меркел, дека Германија размислува за излез од Еврозоната...па после нека дава еднострани изјави.
Од: mile soferot
Датум: 15.12.2010 18:33:13
Ne se raduvajte i sitite na tugja maka! A i da se4 sitite evroto nema da propadne.A i da propadne - pak vie ke nae......te.

Најди! во Утрински
Свет
Џулијан Асанж ќе ги објави сите американски телеграми
Наместо божикен шопинг, нонстоп штрајкови во Атина
„Војаџер“ го напушта Сончевиот систем
Медведев против хаосот на руските улици
Бриселска веб-страница ќе го имитира „Викиликс“
Лукашенко граби кон четврти мандат
Принцот на Непал на суд
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census