Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Свет

Бриселска веб-страница ќе го имитира „Викиликс“

Брисел - Охрабрен од успехот на „Викиликс“, белгиска веб-страница ветува дека ќе ги направи јавно достапни тајните на европските институции, пренесоа француските медиуми.

Веб-страницата brusselsleaks.cоm е создадена неделава во белгиската престолнина каде што се наоѓаат повеќето европски институции.

Засега тоа е само обична страница на англиски јазик. Во неa анонимните создавачи објаснуваат какви им се целите. Тие сакаат да го направат транспарентен процесот на донесување одлуки во европските институции и да откриваат кој за кого лобира.

Бриселската веб-страница нема намера да објавува тајни документи. Таа повеќе ќе се фокусира на приемот на вакви документи, ќе ја проверува нивната автентичност и потоа ќе ги лиферува меѓу медиумите и невладините организации. Страницата не прецизира дали објавувањето на документите ќе биде бесплатно или за соодветна цена.

Создавачите на brusselsleaks.com ветуваат дека првите документи, кои ќе бидат лиферувани во најскоро време, ќе се однесуваат на секторот за транспорт и за енергетика.

Веб-страницата, меѓутоа, нема да објавува никакви документи поврзани со личниот живот на луѓето, закани за нивната безбедност или кариера. (МИА)


#
Статијата е прочитана 400 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Џулијан Асанж ќе ги објави сите американски телеграми
Наместо божикен шопинг, нонстоп штрајкови во Атина
„Војаџер“ го напушта Сончевиот систем
Медведев против хаосот на руските улици
Лукашенко граби кон четврти мандат
Словачки политичар бара план Б за откажување од еврото
Принцот на Непал на суд
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census