Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Свет

Принцот на Непал на суд

КАТМАНДУ - Поранешниот престолонаследник на Непал, Парас Шах, ќе биде испрашан откако пукаше од своето оружје во одморалиште во џунглата, соопшти полицијата. Поранешниот наследник на сега поништениот трон, наводно, бил пијан и им се заканувал на роднините на заменик-премиерот, кои, исто така, престојувале таму. Триесет и деветгодишниот син на поранешниот крал Гјанендра не беше популарен меѓу Непалците поради плејбојскиот стил на живеење и што постојано беше под дејство на алкохол. Негов братучед уби деветмина роднини, вклучувајќи ги кралот и кралицата, пред да се самоубие во 2001 година. Во официјалната истрага се откри дека принцот Дипендра е виновен за кралскиот масакр што го шокираше Непал и светот. Оваа 240-години стара хинду монархија на хималајската држава беше отстранета од власта во 2008 година, откако поранешни маоистички бунтовници, кои водеа 10-годишно востание против државата, дојдоа на власт.

Полицијата во туристичкиот град Покара во западниот дел на Непал, каде што Шах моментно престојува, се подготвува да го испраша поранешниот принц. Началникот на полицијата, Кешап Адикари, за Би-Би-Си изјави дека ќе го притвори и ќе го однесе во Читван, каде што се случи инцидентот во неделата. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 422 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Џулијан Асанж ќе ги објави сите американски телеграми
Наместо божикен шопинг, нонстоп штрајкови во Атина
„Војаџер“ го напушта Сончевиот систем
Медведев против хаосот на руските улици
Бриселска веб-страница ќе го имитира „Викиликс“
Лукашенко граби кон четврти мандат
Словачки политичар бара план Б за откажување од еврото
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census