Лукашенко граби кон четврти мандат
МИНСК/КИЕВ - Белорусикиот претседател Александар Лукашенко е убеден дека ќе обезбеди четврти мандат на изборите што ќе се одржат следната недела, пркосејќи му на Запад, кој се обидува да ги ублажи неговото честопати грубо владеење и руските обиди да го повикаат да ги следи. Од претходниот ефект, 56-годишниот поранешен директор на задруга, кој ја води поранешната советска Белорусија од 1994 година, може да обезбеди 80 проценти од гласовите. Како и претходно, опозициоските групи сметаат дека е голема веројатноста оти ќе се случи изборна измама.
Но, и покрај острата кампања од Москва против него, и силната критика од Запад, Лукашенко - беспрекорен актер во држење една страна наспроти другата - без проблеми ќе ги издржи протестите, откриваат аналитичарите. Самиот Лукашенко нема никакви сомневања. „Дефинитивно ќе има политички промени... но не и промени на власта во Белорусија“, изјави тој пред новинарите во Москва во петокот минатата недела.
Меѓутоа, тој би можел да се соочи со потежок период во следните пет години, особено ако односите со Русија, која ги снабдува белоруските рафинерии со драгоцени количини на сурова нафта ослободена од даноци, и продолжи да паѓа. Тој, исто така, треба да го исполни ветувањето за зголемување на просечната месечна плата на 1.000 долари, откриваат коментаторите.
Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека земјата со 10 милиони жители го продолжи економскиот раст, но и понатаму останува ранлива. Други аналитичари ја посочуваат неговата забележителна способност за преживување, иако е наречен „последниот диктатор“ на Европа од администрацијата на Буш, поради затворањето на противниците и замолчување на медиумите. (Ројтерс)
|