„Војаџер“ го напушта Сончевиот систем
САН ФРАНЦИСКО - „Војаџер 1“, најоддалеченото вселенско летало од Земјата, стигна до нова пресвртница во својата потрага да го напушти соларниот систем. Сега на 17,4 милијарди километри оддалеченост од дома,движејќи се со брзина од 17 километри во секунда, старата сонда детектираше очигледна промена во протокот на честички што ја опкружуваат. Овие честички, кои доаѓаат од Сонцето, повеќе не се движат кон надвор туку бочно. Тоа значи дека „Војаџер“ мора да е премногу близу до тоа да направи скок во меѓуѕвездената вселена и да тргне кон ѕвездите.
Едвард Стоун, научник кој работеше на проектот „Војаџер“, ја пофали сондата и фасцинантните научни откритија што таа ги испраќа и по 33 години од нејзиното лансирање.
„Кога ’Војаџер‘ беше лансирана во 1977 година, космичката ера беше стара само 20 години, па немаше основа да се знае дека едно вселенско летало може толку долго да трае“, изјави тој за Би-Би-Си њус. „Немавме идеја колку далеку ќе треба да патуваме за да излеземе од соларниот систем. Сега знаеме дека за околу пет години треба да бидеме надвор. Мисијата ’Војаџер‘ „...ни покажа уште колку многу има да се учи и колку различни се телата кои го делат соларниот систем со нашата планета Земја“.
И двете сонди „Војаџер“ имаат позлатени бакарни дискови кои содржат звуци и слики селектирани да ја прикажат разноликоста на живот и култура на Земјата. (Би-Би-Си) |