Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Половина од Македонците незадоволни од живејачката

Речиси половина од македонските граѓани, односно 46 отсто, се незадоволни од квалитетот на живеењето, што е највисок процент во споредба со жителите од другите земји во регионот. Ова се наведува во истражувањето на „Галуп Балкан монитор“, а главна причина за незадоволството на македонските граѓани е лошиот животен стандард.

Според последните статистички податоци, просечната плата во Македонија изнесува 275 евра, а од неа останува една четвртина по намирувањето на трошоците за храна, што, според анкетираните, е недоволно за пристоен живот.

Од друга страна, една третина од Македонците сметаат дека има подобрување во економијата. Што се однесува до членството на Македонија во Европската унија, „за“ се изјасниле 84 проценти од Албанците и 57 отсто од испитаните Македонци.

На прашањето дали Македонија треба да влезе во НАТО и во ЕУ и по цена да го загуби своето име, позитивно одговориле 69 отсто од македонските Албанци и само три проценти од Македонците.

Секој трети Македонец стравува од нов вооружен судир во регионот. Повеќе од две третини од Албанците во Македонија веруваат дека Охридскиот договор обезбедил долгорочно решение за етничките проблеми во земјата, а со тоа се согласуваат 30 проценти од Македонците во истражувањето на „Галуп Балкан монитор“. (Макфакс)

 


Статијата е прочитана 626 пати.

Испрати коментар

Од: zacuden
Датум: 15.12.2008 00:22:51
gi slusam lugevo sto se javuvaat po tribinive, bumbar i robert kanal 5. nikoj ne e zadovolen od ziveachkata ama za toa na vmrovcite ne im e kriva vlasta, stalno e kriv nekoj drug. 3g sme pod vmrovska vlast a uste baraat pricini za nemastijata kaj sdsm. pa ne ve izbraa da ja kritikuvate sdsm, ve izbraa da bidete poarni a ne bicikliski da mi kazuva deka zaev vrabotuval kadri, oni cela zemja ja vmroiziraa pn najde da zbori. pa bar da se tie kadri asalni ne mi e maka - neka se vrabotat site imaat pravo na toa, ama nepismeni na pozicii zatoa i sme do ova deredze na sekoj plan. samo organiziraat nvo za napad na opozicijata - isti metodi kako koga bea opozocija
Од: kole
Датум: 15.12.2008 08:16:08
Prerodbata RIKNA, sami si go baravme!!?
Од: remi
Датум: 15.12.2008 10:15:04
Pa koj ce ni gi sredi rabotite zarem nashite ministri koi se dobri za na kafe bar a ne na ministerskite fotelji na ko sedat poradi nivnoto neiskustvo i mladi godini,,,,,,
Од: монах Спиридон
Датум: 15.12.2008 11:14:54
Абе зелено момче БИЧИКЛИСКИ, не продавај образ, поштење, искреност кога си и ти и твоите далеку, далеку од тоа. Прво ако сакаш да Ти веруваме врати ги тие 200 евра колку што остана ДОЛЖЕН на мајстор СТОИМЕНЧО од КОЧАНИ за КОМОДАТА. Или врати му ја комодата. А оние позајмени по 20, 30, 50 евра веќе и заборавени. Да не ти се смее цело Кочани. Па отпосле продавај магла и ветер...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Кризата ги намали заштедите за 9 милиони евра
Груевски бара политичко единство за името
Партиите влегоа во кампања три месеци пред почетокот на изборите
Завршија првата генерација идни судии и обвинители
Либерализацијата за визите е реална
Златко Милошевски нов лидер во Битола
Заканата за вето ја блокира Македонија
Тачи не се повлекува од лидерската функција во ДПА
Македонија ќе размисли за зголемување на мисијата во Авганистан