Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Завршија првата генерација идни судии и обвинители

Академијата за обука на судии и јавни обвинители во периодот од 1 до 10 овој месец го спроведе завршниот испит за првата генерација составена од 27 слушатели кои ја следеа Програмата за почетна обука за судии и јавни обвинители.

Со овој чин, како што соопштуваат од Академијата за обука на судии и јавни обвинители, македонското правосудство првпат во својата историја ќе добие кандидати за судии и јавни обвинители кои ќе бидат избрани според систем на објективни и мерливи критериуми за оценување на нивното знаење и постигнатиот прогрес во текот на теоретската обука во траење од пет месеци, практичната обука под водство на менторите во траење од 10 месеци и резултатите од завршниот испит.

Завршниот испит, како и целата 15-месечна обука, претставува новина и голем чекор напред во практичното оспособување и воведување на идните судии и јавни обвинители во секојдневното вршење на професијата во судницата. Испитот бил така конципиран за да се провери оспособеноста на кандидатите за вршење на двете професии (обвинител и граѓански и кривичен судија). Имено, кандидатите преку ждрепка изработувале пресуди и обвинителни акти, во вкупно изведени 20 симулации на судења, играа улога на граѓански, кривичен судија или обвинител. На усниот дел од испитот тие одговараа на практични прашања во врска со изработените писмени акти и симулираното судење, како и прашања поврзани со Кодексот на судиската и јавнообвинителската етика и организацијата на судството и јавното обвинителство.

Анонимноста на писмениот дел од испитот била во целост почитувана, тврдат одговорните во Академијата, бидејќи кандидатите полагале под шифри во затворени пликови кои Комисијата ги отворила пред почетокот на усниот дел од испитот заради поврзување со идентитетот на кандидатите.

Во рок од 48 часа Комисијата треба да ја објави прелиминарната ранг- листа од полагањето на завршниот испит која ќе биде објавена на огласната табла и на веб-страницата на Академијата. Потоа, Комисијата ќе го пресмета вкупниот успех на кандидатите со сумирање на бодовите кои ги освоиле кандидатите во текот на теоретската настава, практичната настава и завршниот испит и ќе изготви ранг-листа, од која Судскиот совет и Советот на јавните обвинители ќе го вршат изборот на идните судии и јавни обвинител��. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 416 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Кризата ги намали заштедите за 9 милиони евра
Груевски бара политичко единство за името
Партиите влегоа во кампања три месеци пред почетокот на изборите
Либерализацијата за визите е реална
Златко Милошевски нов лидер во Битола
Заканата за вето ја блокира Македонија
Половина од Македонците незадоволни од живејачката
Тачи не се повлекува од лидерската функција во ДПА
Македонија ќе размисли за зголемување на мисијата во Авганистан