Македонија ќе размисли за зголемување на мисијата во Авганистан
Македонија ќе го анализира барањето на сојузниците за зголемување на бројот на војници во Авганистан и доколку е во можност, ќе излезе во пресрет на тие барања. Ова во Вашингтон го изјави македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски, во интервју за Гласот на Америка, Програма на македонски јазик.
Тој потврди дека за време на средбата со американскиот заменик-секретар за одбрана, Гордон Инглад, било разговарано за зголемување на македонското присуство во Авганистан.
„Нашите сојузници најпрво се заблагодарија за сето она што го правиме, затоа што припадниците на АРМ се рамо до рамо со сите други во НАТО. Во секој случај, ги кажаа заложбите дека би било добро доколку можеме да ги зголемиме и нашите капацитети во Авганистан во иднина“, рече Коњановски.
Тој ги информирал американските воени власти дека во овој момент околу 3,8 отсто од АРМ е распоредена надвор од територијата на Македонија, што е навистина бројка за респект со оглед на можностите, затоа што голем дел од земјите-членки на НАТО го немаат тој процент на распореденост на војници надвор од својата територија.
„Ќе ги анализираме сите состојби за да погледнеме колку подготвени единици имаме и дали ќе бидеме во можност да одговориме на новите предизвици. Значи, би излегле во пресрет на барањата на нашите партнери и пријатели“, рече Коњановски. (Макфакс)
Ako ni se partneri i prijateli sto ne ne primat vo polnopravno clenstvo.i zosto ne baraat vojnici od zemjite-clenki,kako grcija na primer,tuku od nas sakaat,nasite da ginat za nivnite celi i interesi.
Од: Itar Peyo
Датум: 15.12.2008 08:36:04
Makedonija ce razmisli, pa vlasta ce stori kako sto i recat. Patriotizam za vnatresna upotreba, i e gajle na Amerika dali ce vlezee vo NATO i EU. Ama vojnici i trebaat, tuka nema zafrkavanje. Vlasta toa si go znae i zatoa nieden vmrovec ne prasuva zosto nasata vojska odi vo vo Kabul a ne vo Solun. A znaat da objasnuvaat deka komunjarite gi pracale makedoncite vo Srem a ne vo Solun. A mozda gresam. Aleksandar nikogas ne bil vo Srem, a kaj hunzite bil. Tamu ni e korenot, tamu treba da si odime.
Од: Branko
Датум: 15.12.2008 13:05:26
Koga imame Tokmaci postaveno za ministrina koi muckata im e zatvorena i samo klimaat so glavata kako mutavi.Zosto nikoj od ministrite ne im rece deka Makedonijane e clenka na Nato i ne moze da ispraka vojnici vo misiite na Nato neka ispraka grcija taa e clenka na Nato a nema nitu eden vojnik vo misijata na Nato vo Avganistan???cudno no vistinito mozebi toa nasiot minister ne go znae????