Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Кризата ги намали заштедите за 9 милиони евра

Во екот на кризата биле повлечени дури 40 милиони евра

Соња Маџовска

Во екот на кризата, односно во октомври, само за еден месец, штедните влогови на граѓаните и на фирмите во македонските банки и штедилници се намалиле речиси за 9 милиони евра. Банкарите велат дека можеби повлекувањата биле поголеми, но во меѓувреме, откако увиделе дека нема опасност за нивните пари, граѓаните повторно ги вратиле во банките.

Според официјалните податоци, во октомври вкупните депозити изнесувале 106 милијарди и 796 милиони денари, за разлика од септември, кога биле повисоки и изнесувале 107 милијарди и 345 милиони денари. Разликата е 550 милиони денари помалку штедни влогови на граѓаните, или 8,9 милиони евра. Всушност, толку се парите што ги повлекле граѓаните и не ги вратиле во банките.

Во тој период, под налетот на светската криза, кога секојдневно имаше информации за пропаѓање на светски познати банки кои бараа помош од државите, и кај нас, уплашени пред се' поради случувањата во минатото кога пропаднаа неколку домашни штедилници и банки, граѓаните почнаа да ги повлекуваат парите од нашите банкарски институции.

Според експертите, наводно, во најкритичниот период се повлекувале дури и по два милиона евра дневно или околу 40 милиони евра за еден месец, односно во втората половина на октомври и во првата половина на ноември. Но, откако се смирил тој бран, најголем дел од овие средства повторно биле вратени во банките, така што крајниот ефект за октомври е намалување за само околу девет милиони евра.

Можеби во наредниот период имало и натамошни враќања депозити во македонските банки, но податоците за ноември се' уште не се објавени.

Во Фондот за осигурување депозити тврдат дека моментно ситуацијата е стабилизирана. „Македонските банки се сигурни. Тоа се докажа и во услови на светска криза. Нормално е тоа што во еден момент граѓаните почнаа да ги повлекуваат парите од банките. Се создаде страв што резултираше со намалување на штедните влогови. Но, сега ситуацијата е стабилизирана. Веројатно луѓето сфатија дека е посигурно парите да се чуваат во банка, каде што дури и се оплодуваат, особено сега кога банките ги зголемија каматите за депозити��е, отколку да ги чуваат дома“, објаснува Нина Настева, директорка на Фондот за осигурување депозити.

Експертите оценуваат дека македонските банки релативно лесно го издржаа ударот од светската финансиска криза, што говори за нивната добра ликвидност, но и помала интегрираност на македонскиот финансиски сектор во светскиот систем.

Се проценува дека почнатиот тренд на зголемување на каматните стапки на штедните влогови ќе влијае и кон натамошен пораст на цената на капиталот. Поскапите кредити, пак, на долг рок може да доведат до забавување на економската активност во земјава. Банкарите признаваат дека се многу претпазливи во одобрувањето кредити. Во услови на криза банките се внимателни и вршат дополнителни анализи при одобрувањето заем. И покрај намалената кредитна активност во последните три месеци, банкарите тврдат дека добрите проекти ќе бидат поддржани.


Статијата е прочитана 1690 пати.

Испрати коментар

Од: Market_watch
Датум: 15.12.2008 09:11:05
Iako povleceniot iznos e minimalen, sepak zboruva za vllijanieto koe go imaat mediumite vrz investitorite i stedacite. Vo toa vreme vo vesnicite samo kruzea spekulaciii deka sekoj moment ce dosla "losata" kriza od nadvor i ce rikne nekoja banka. Sekoja cest do isklucocite, no vidovme kolku e niska novinarskata etika i iskrenost, voopsto obrazovanosta na odredeni novinari za ekonomija i finansii. Profesionalen novinar ne smee da si dozvoli da bide izmanipuliran od "dobronamerni eksperti". PS Blagodaram za obajvuvanje na napisot
Од: Штедач на ТАТ
Датум: 15.12.2008 09:55:49
Замислите како ќе ни беше да пропаднеа повеќе банки и државата да немаше пари да ги врати, како ќе се чуствуваја луѓето да ги изгубеја животно стекнатите пари??? Токму така му беше на ТАТ-овци и сеуште му е на необештетените.Зарем не е време да се затвори тоа трагично минато за овие тешко изманипулирани штедачи.
Од: Bitola
Датум: 15.12.2008 10:29:28
A so da pravat lugeto moraat da ziveat,so povlekuvanje na stednite vlogovi,eve na primer vo JP Strezevo nemaat zemeno veke TRI meseci plata.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Груевски бара политичко единство за името
Партиите влегоа во кампања три месеци пред почетокот на изборите
Завршија првата генерација идни судии и обвинители
Либерализацијата за визите е реална
Златко Милошевски нов лидер во Битола
Заканата за вето ја блокира Македонија
Половина од Македонците незадоволни од живејачката
Тачи не се повлекува од лидерската функција во ДПА
Македонија ќе размисли за зголемување на мисијата во Авганистан