Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Партиите влегоа во кампања три месеци пред почетокот на изборите

Единствено ВМРО-ДПМНЕ објави дека секретарот на партијата Мартин Протоѓер е промовиран за старо-нов шеф на Изборниот штаб на претстојните избори

Жаклина Хаџи-Зафирова


И покрај тоа што до почетокот на изборната кампања за локалните и за претседателските избори има уште најмалку три месеци, партиските машинерии веќе забревтано работат на теренот во освојување на наклонетоста на граѓаните. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ катадневно почна да информира за сите активности на теренот, а деновиве го обелодени и името на фронтменот на својот изборен штаб. Старо-нов шеф на Изборниот штаб е партискиот секретар Мартин Протоѓер, кој воедно е шеф и на Кабинетот на премиерот Никола Груевски. Другите партии засега не одлучиле или се' уште ги кријат кадрите што ќе раководат со нивните изборни штабови за претседателските и локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ одамна веќе почна со обиколка на градовите и активни средби со граѓаните, потег кој другите партии го проблематизираат, бидејќи сметаат дека се коси со одредбите од Изборниот законик. Опозицијата оцени дека ваквото истрчување на теренот на партијата на Груевски дури три месеци пред изборите не е ништо друго освен евтин популизам.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница го избра Мартин Протоѓер за шеф на Изборниот штаб за претседателските и локалните избори во март. Во соопштението на партијата се наведува дека Протоѓер и на претходните избори ја вршел истата функција. Според ВМРО-ДПМНЕ, на седницата се разгледувал и концептот за настап на претстојните избори, кој, според нив, е концепт што се базира врз принципите за отчетност, принципиелност и транспарентно работење. Во соопштението партијата потенцира дека остануваат отворени како партија кон граѓаните и дека ќе продолжат со посети на општините.

Првиот човек на Центарот за комуникации, Илија Димовски, вели дека десетте формирани партиски тима составени од министри, пратеници, државни секретари имаат план во наредните два месеца да посетат 50 града и стотина села. Премиерот Никола Груевски и неговите министри во изминативе неколку дена посетија повеќе поголеми градови и населени места.

„Средбите со граѓаните не се поврзани со изборите. Оваа практика редовно ја спроведуваме од 2006 година. И претходно организиравме трибини за новиот принцип на комуникација со гласачите и сослушување на сугестиите од граѓаните“, изјави Димовски. Тој се пофали со фактот што се прва партија која излегла со конкретни кандидати за градоначалници.

Најголемата опозициска партија СДСМ, пак, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека одамна почнала со кампања и тоа со народни пари.

„Повеќе од три месеци пред локалните и претседателските избори, одеднаш водени од популизмот се интензивираа владините кампањи, почнаа да ги посетуваат општините, пазарите, иако никаде ги немаше кога почнаа да се чувствуваат последиците од финансиската криза со отпуштање на работници од фабриките“, велат во СДСМ. Тие сметаат дека „наместо ВМРО-ДПМНЕ да презема мерки за финансиската криза и да ги решава економските проблеми на граѓаните, таа се грижи единствено за своите партиски цели“. Според портпаролот на партијата, Емилијан Станковиќ, по секоја посета на ВМРО-ДПМНЕ во општините се правеле притисоци врз градоначалниците од редот на опозицијата.

Во СДСМ не одлучиле кој ќе им го води Изборниот штаб, а за тоа ќе дискутираат на една од наредните седници на Централниот одбор. Станковиќ објаснува дека средбите, трибините и посетите на општините се дел од нивните одамна планирани теренски активности што ги реализираат веќе подолго време. Но, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, „без камери и дневнопопулистички побуди“.

Кој ќе биде шефот на Изборниот штаб на НСДП, партијата ќе одлучува идната сабота, кога ќе се одржи седница на Централниот одбор, на која ќе се разговара за настапот на изборите. Според Горан Мисов, посетите на министрите на ВМРО-ДПМНЕ на општините претставуваат „класична злоупотреба на системот“. „ВМРО-ДПМНЕ е во постојана и перманентна фаза на купување гласови, а тоа се потврдува и со последната одлука за купување лаптопи во вредност од најмалку 10 милиони евра“, вели Мисов.

Составот на изборните штабови, барем официјално, е непознатост и во ЛДП, ДУИ и ДПА.

Во ЛДП велат дека во тек е постапката на формирање на Изборниот штаб. Активната изборна кампања ќе ја почнат дваесетина дена пред изборите, како што е пропишано во Изборниот законик. ДУИ за настапот на изборите ќе одлучува на седница на централното претседателство. Засега имаат само средби со разграноците. Додека во ДПА поинтензивни изборни активности се најавени по новогодишните празници.

 


Статијата е прочитана 706 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 15.12.2008 00:26:22
mnogu se smeshni vmrovcinjava koga na celo so bicikliski obvinuvaat - onii nasle da obvinuvaat cel svet sto gi shamara. go obvinuvaa branko deka koga ja pokanil u kabinet opozicijata bil kako lider a ne ko tatko na opozicijata. a protuger e sega "pregovarac", sef na kabinet, generalen sekretar. sef na stab a bidejki vlasta raboti 24/7 se prasuvam dali po taa logika stabot ke e vo vladata? ili bc treba da e tatko na nacijata a nikola tatko na vmro samo, ili ocuv bidejki gi ishutira pravite vmmrovci
Од: lenin
Датум: 15.12.2008 02:33:15
Dobro e chto ima izbori barem togach politicarite se secavaat na graganite i graganite imaat srega da gi vidat.Zato chto posle izborite tie chto se izbrani se sosema drugi luge ne mislat togach na narodot.Zalno e chto narodot e pravi istata grechka pa im veruva na politicarite.
Од: Ljubotan
Датум: 15.12.2008 04:25:00
Protogjer e vnuk na ProtogjeroV. Neka samiot kaze, koj si e Toj, Lazgov, i so takvia li ce pravime drzava?
Од: ljupco,bitola
Датум: 15.12.2008 05:26:24
Владата си ја започна лежерно предизборната кампања, непречена од никој.СДСМ и после три години,не успева да се среди, да заличи барем малку на нормална опозициона партија. Очигледно не е навикната во таа улога. Уште три месеци до председателските избори,тие немаат ни ал, ни абер кој ќе биде нивниот кандидат. Очигледно,до последен момент ќе се чека одлуката на држалникот.
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 15.12.2008 14:16:05
Незнам зошто Вмровците кои ја имаат апсолутната власт , и се чукат во гради дека се реформска Влада се плашат и изборната кампања ја започнуваат три месеци пред изборите трошејки државни пари,возејки владини возила, јадејки државни пари, зарем нашите грагани не ги прочитаа - на ВМРОВЦИТЕ Власта секогаш им е малку, недај боже да победат и на Претседателските избори и добиеме уште еден послушник на Грујо , Е Македонио незнам дури тогаш уште ќе постоиш, но сепак мислам дека народот ке се ,,Досерти,, или ке му преработи ,,ТЕКНУВАЛОТО,,
Од: форцамкд
Датум: 15.12.2008 15:16:24
Тимот што победува не се менува! Протогер повторно е избран за шеф на Изборниот штаб затоа што докажа дека знае и умее да менаџира избори, и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие и претстојните избори. Имаат план, програма, проекти и идеи, и најбитно, имаат срце и желба да направат нешто добро за државава. А тоа што некои луѓе континуирано се обидуваат да го негираат тоа и да напаѓаат, е само израз на нивната немоќ!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Кризата ги намали заштедите за 9 милиони евра
Груевски бара политичко единство за името
Завршија првата генерација идни судии и обвинители
Либерализацијата за визите е реална
Златко Милошевски нов лидер во Битола
Заканата за вето ја блокира Македонија
Половина од Македонците незадоволни од живејачката
Тачи не се повлекува од лидерската функција во ДПА
Македонија ќе размисли за зголемување на мисијата во Авганистан