Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Тачи не се повлекува од лидерската функција во ДПА

ТЕТОВО - „Им соопштувам на сите пријатели и непријатели на ДПА дека ни на крај пат не ми паѓа да се повлечам од лидерската позиција, ниту имам намера да поднесувам оставка. Во некои средини напразно прават планови. Имам преземено голема обврска да продолжам да ја реализирам платформата на партијата што ја донесовме уште при формирањето во 1993 година, на што докрај ќе издржам независно од ударите што ми се задаваат“. Вака Мендух Тачи, лидер на ДПА, им се обрати на активистките на партијата на Изборното собрание на тетовскиот разгранок на Форумот на жените што се одржа во саботата попладне, на кое за претседателка ја избраа Вјолца Бериша, вработена како предавач на Тетовскиот државен универзитет.

„Гарантирам дека многу бргу ќе му дојде крајот на овој одвратен фолклоризам на господата Никола Груевски и Али Ахмети. Ваквата тврдоглавост ќе ги удри по глава овие коалициски партнери и коалицијата ќе стане само писта или автопат. Албанците треба што поскоро да ги реализираат своите права. Македонија нема перспектива ако не влезе во НАТО и во ЕУ“, констатира Мендух Тачи.

Во неговиот настап, сепак, имаше и извесен оптимизам: „Не е се' толку црно и негативно. Има еден многу важен елемент. Албанците ќе станат рамноправен член на НАТО“. Во оваа прилика лидерот на ДПА уште еднаш ја потенцира „дискриминацијата во употребата на албанскиот јазик“, која ја смета за скандалозна и антиалбанска, а во тие рамки ги вброи и отпуштањата или менувањата на Албанци од шефовски работни места“. (Г.Е.)

 


Статијата е прочитана 657 пати.

Испрати коментар

Од: Alban
Датум: 15.12.2008 00:11:03
Taka e Menduh, se e taka. Kako fino razmisluvas i zboris koga si vo opozicija. A utre da se vratis, drugo ke zboris.
Од: sandra
Датум: 15.12.2008 04:08:17
ovoj pa ko ljubomoren izneveren dechko sto go napustila devojkata so drug. ista marka ste znaci. ne mislite za pravata na albancite tuku i vie za fotelji i dnevnici eftino se prodavate. a ako sakate da ste ramnopravni gragani sto isto posakuvam i ja treba da se distancirate od takvite ko dzemaili zatoa sto toa vi steti na site albanci a site ne se losi no takvite izrodi praat narodot da navlekuva gnev. i dui isto taka ispadna deka nema integritet i principi. a ova na tachi e zakana sto treba bicikliski da ja narece skandalozna, deka ke se spojat so alban vo nato a ne zaev sto rekol ke preispituva sudski odluki. pa kako da ne preisspituva. vie ke zigosuvate sve zivo i divo i taka toa da projde
Од: Od Mene
Датум: 15.12.2008 10:28:08
G. Taci. Treses luposti. Ako ne sakas da se otkazes od funkcijata to e OK, no ti ne realiziras nikakva platforma koja e vo prilog na albancite vo makedonija. Ti samo realiziras platforma za svoe licno zbogatuvanje, i zbogatuvanje na onie okolu tebe. Za Albanskiot Narod tebe stapot ne te boli... Se imas dokazano i na delo. Gi kontroliras porfiterskite biznisi kako sto se Droga, Prostitucija itn... Ako e toa patriotizam i interes na Albanskiot Narod togas brgu ke se sluci Sodoma I Gomora za Albancite vo MK... Ama narodot ne e glup G. Taci. Narodot znae da ceni i osuduva. A narodot tebe te ima osudeno za vecen gubitnik...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Кризата ги намали заштедите за 9 милиони евра
Груевски бара политичко единство за името
Партиите влегоа во кампања три месеци пред почетокот на изборите
Завршија првата генерација идни судии и обвинители
Либерализацијата за визите е реална
Златко Милошевски нов лидер во Битола
Заканата за вето ја блокира Македонија
Половина од Македонците незадоволни од живејачката
Македонија ќе размисли за зголемување на мисијата во Авганистан