Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Хилари во посета на бивши СССР републики

ВАШИНГТОН - Американскиот државен секретар Хилари Клинтон викендов ќе ги посети петте земји кои некогаш беа под силна контрола на Советскиот Сојуз, делумно во обид да ги смири стравувањата дека подобри американско-руски односи ќе бидат постигнати на нивна штета.

Клинтон вчера замина во посета на Украина, Полска, Азербејџан, Ерменија и Грузија, остварувајќи ја нејзината прва посета како највисок американски дипломат во земјите кои со децении страдаа под советска доминација.

Напорите на американскиот претседател Барак Обама да ги "ресетира" односите со Русија оставија долготрајни сомневања во регионот - особено во Грузија - дека Вашингтон може да ги занемари нивните интереси во полза на подобри односи со Москва. Американски претставници го негираа тоа, тврдејќи дека подобри американско-руски односи се добри за соседите на Русија и дека земјите не треба да избираат меѓу едното или другото.

Студената војна неделава одмазнички се врати кога американски претставници уапсија 10 наводни руски шпиони - единаесеттиот беше уапсен на Кипар - но, САД и Русија истакнаа дека прекинувањето на наводниот шпионски круг нема да им наштети на нивните односи.

Посетата на Клинтон - за време на празничниот викенд на американскиот Ден на независноста на 4 јули - може да помогне да се спречи регионалната загриженост за американско-руското зближување, истакнуваат американски аналитичари и претставници.

"Таа се обидува да спречи дел од штетата што се забележува дека е направена со ресетирањето - идејата дека САД во суштина ги напуштиле пост-советските сојузници", вели Метју Ројански, заменик директор на Програмата Карнеги помош за меѓунарорен мир за Русија и Евроазија. "Нејзиното појавување таму на 4 јули не е лоша симболика", додаде тој, нагласувајќи дека не верува оти администрацијата на Обама ги отфрла соседите на Русија. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 261 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Руската убавица ја издаде педигрето
Кристијан Вулф положи заклетва
Дали печатот е закана за Романија?
Смртоносни експлозии во светилиште во Лахоре
„Тајмс“ на Интернет само за пари
Талибанци нападнаа американски хуманитарци
Мексикански банди убија 21 лице