Мексикански банди убија 21 лице
Најмалку 21 лице загинаа во вооружен судир меѓу два од најмоќните нарко-картели на Мексико, во близина на границата со САД, јавија официјални извори. Инцидентот се случи на оддалечен колосек во близина на градот Ногалес, во северната држава Сонора, јавија тие. Притоа девет лица се уапсени, од кои шест беа повредени во судирот.
Дописниците јавуваат дека бандите се инволвирани во шверцување дрога и луѓе во Америка и се борат за контрола на областа, која е главен пат за шверц. Сепак, тие ретко се впуштаат во меѓусебни престрелки од голем обем, додадоа изворите.
Нема индикации која е точната причина за судирот меѓу картелот Синалоа, предводен од Хоакин „Ел Чапо“ Гузман и разгранокот, односно картелот Белтран Лејва. Се верува дека сите жртви се членови на бандите. (Би-Би-Си)
|