Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Дали печатот е закана за Романија?

Антитерористички закон за да се окови печатот и да се спречи новинарски критички поглед

Според новата „национална одбранбена стратегија“ на романската влада, Романија се соочува со серија закани, вклучувајќи и кампањи за печатот. Новата доктрина, најавена минатата недела, неколку дена откако конзервативната влада едвај го преживеа гласањето за доверба, предложено од социјалистичко-либералната опозиција, предизвика метеж во романските медиуми, кои ја насочија нивната огорченост кон претседателот Трајан Басеску. Тој претседава со Врховниот одбранбен совет (ЦСАТ) на земјата, каде што членуваат премиерот, министерот за внатрешни работи и шефовите на различни разузнавачки служби.

Антивладините кампањи за печатот претставуваат закана за стабилноста на земјата, подеднакво со корупцијата, организираниот криминал и тероризмот. Документот, подготвен од ЦСАТ, го анализира феноменот за „кампањи на печатот чија цел е клеветење или ширење лажни информации за активноста на државните институции“ и го идентификува „притисокот што го вршат медиумските групи за политички одлуки, со цел да добијат предност кај државните институции“.

За романските медиуми, од кои повеќето започнаа долга кампања против владата, новата безбедносна доктрина мириса на цензура и ги враќа сеќавањата од ерата на Чаушеску кога печатот беше целосно подреден од режимот и кога каков било чин на критики се сфаќаше како напад врз основите на државата.

Реакцијата на романските новинари се пренесува од нивните колеги во странство. Во Брисел, генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари, Ејдан Вајт жестоко ја осуди безбедносната доктрина на романската влада. „Повторно гледаме влада која прави основна грешка и го користи антитерористичкиот закон со цел да го окови печатот и да спречи легитимен новинарски критички поглед врз активностите на владата. Доколку се потребни рестрикции за слободата на печатот тие треба да бидат тесно дефинирани. Проблемот е тоа што имаме влада која досега не покажа почит за соодветната улога на медиумите во една демократија. Начинот на кој новинарството се изедначува со тероризам е потенцијално опасен, и нема место во земја која е членка на ЕУ“, рече тој.

Односите меѓу романскиот печат и конзервативната коалициска влада во Букурешт се влошија последниве месеци. Медиумите беа многу критични за најавените мерки за штедење, меѓу кои се намалување од 25 отсто на платите во јавниот сектор, заедно со неуспешниот обид да се намалат пензиите за 15 отсто. Тоа подоцна се сметаше за неуставно од страна на Врховниот суд на земјата, а мерките беа брзо заменети со одлука за зголемување на ДДВ на 25 отсто, спроти летните одмори.


#
Статијата е прочитана 243 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Руската убавица ја издаде педигрето
Кристијан Вулф положи заклетва
Смртоносни експлозии во светилиште во Лахоре
„Тајмс“ на Интернет само за пари
Талибанци нападнаа американски хуманитарци
Мексикански банди убија 21 лице
Хилари во посета на бивши СССР републики