Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Руската убавица ја издаде педигрето

Во центарот на вниманието и натаму е уапсената Ана Чапман, чиј татко работел во Африка како руски дипломат

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Големиот шпионски скандал во САД изгледа почна полека да се отплеткува. Иако засега се знае дека тројца од уапсените сигурно се Руси, американската полиција сака да ги дознае вистинските имиња на сите 11 осомничени. Окружниот суд во Њујорк ја пушти со кауција од 250.000 долари Вики Пелејс (55), која ќе биде во домашен притвор. По мислењето на судијата таа е единствената што се претставувала со своето вистинско име. Освен тоа, таа никогаш не посетувала курсеви за обука на разузнавачи.

Пелејс е единствената позната јавна личност меѓу осомничените, бидејќи била новинарка, која во своите текстови ја критикувала политиката на Белата куќа околу имиграционата политика. Таа не ги криела своите ставови за Куба и Израел. Пред имиграцијата од Чиле во 80-тите години, Вики била позната ТВ репортерка. Во Њујорк работела за весникот „Ел диаријо“ кој излегува на шпански јазик. Нејзиниот сопруг Хуан Лазаро веќе призна дека детството го минал во Сибир, а куќата во предградието на Њујорк ја купил од парите што ги добивал од руската служба за надворешно разузнавање. Хуан Лазаро (65), по професија фотограф од Уругвај и инструктор по карате. Нивниот син Валдо тврди дека неговите родители за Русија ги врзува само љубовта кон композиторот Чајковски.

Синтија и Ричард Мерфи и Хуан Лазаро останаа во притвор. Американците се сомневаат дека тоа не им се нивните вистински имиња. Нив не сакаат да ги пуштат со кау��ија бидејќи се плашат дека ќе побегнат како што тоа го направи Кристифор Метсос кој беше уапсен на Кипар.

Претставник на обвинителството тврди дека апсењето е само врв на голема „подводна санта мраз“. Во становите и куќите на уапсените пронајдени се нови докази. Кај Мерфиеви најдоа големи количини на различни валути.

Најголемо внимание од сите уапсени привлекува Ана Чепман (28), чие што моминско презиме е Кушченко. Таа наводно разговарала со својот поранешен сопруг Алекс, психијатар по професија, дека татко и' работел на висока позиција во КГБ. Алекс се оженил со Ана во 2002 година, а се запознале во еден ноќен клуб во Лондон. Тие се разведоа во 2006 година. Поранешниот сопруг на Ана, како што пишуваат британските весници, им раскажал на луѓето од МИ-5 дека „Василиј Кушченко бил многу затворен човек и никому не му верувал“. Својот зет никогаш не го запознал со своите познаници. Наводно Василиј Кушченко постојано се движел со придружба.

Поранешниот сопруг на Ана тврди дека таа во бракот многу брзо се променила како човек. „Ана не беше материјалист. Мене не ми се допаѓаше таа да се среќава со своите „руски пријатели“. Кај неа се појавија многу пари и таа зборуваше дека работи со влијателни луѓе“, раскажува Алекс кој затоа и се развел со „најубавата девојка што ја сретнал“.

Некои руски весници тврдат дека Василиј Кушченко работел како дипломат во Кенија, а неговиот поранешен зет Алекс раскажува дека со Ана заминал на свадбено патување во Зимбабве каде што тогаш претстојувал Кушченко.

Другарите на Ана тврдат дека во САД финансиски ја помагал нејзиниот „пријател“, богатиот Евреин од Њу Џерси, Мишел Битан (60), кој можел да ја запознава со луѓе од „високото друштво“. Во Москва мајката на Ана, Ирина, и помалата сестра Дарија, не одговараат на телефонските повици. Тие живеат во реонот кој се вика Раменки на југозапад од Москва каде во советско време станови добивале дипломати од среден ранг и офицери на КГБ. Таткото на Ана, Василиј, наводно е на службено патување некаде во Африка. Ана кога беше уапсена веќе имала авионски билет за Москва.

Вториот уапсен Русин е Михаил Семенко (27), кој е роден во Благовешченск, град на Амор, кој е на границата меѓу Русија и Кина. Студирал во Харбин во Кина, а пред две години пристигнал во САД каде работел во туристичка агенција. Со своите врсници се допишувал преку интернет. Тие го паметат како одличен ученик. Тој завршил кинески јазик, а освен него зборува уште неколку други јазици.

Руските експерти тврдат дека такво масовно апсење немало ниту во времето на студената војна. Во Америка откриваа по еден или двајца руски шпиони. Масовните протерувања на шпиони и дипломати беа британско-советски „специјалитет“. Токму во 1971 година Англичаните протераа 105 советски дипломати, соработници во одделот за култура како и новинари. Наводно, тогаш во Лондон работеле 60 офицери на КГБ, а оние останатите биле „колатерална штета“. За шпионажа во Америка е предвидена казна од 25 години, а за перење пари од 20 години.


#
Статијата е прочитана 1068 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Кристијан Вулф положи заклетва
Дали печатот е закана за Романија?
Смртоносни експлозии во светилиште во Лахоре
„Тајмс“ на Интернет само за пари
Талибанци нападнаа американски хуманитарци
Мексикански банди убија 21 лице
Хилари во посета на бивши СССР републики