Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Со еден удар до три бода

Со голот на Кержаков во 8 мин., Русија ја совлада Македонија со 1:0, Наумоски промаши пенал во 74 мин.

Сашко Ѓ. Димовски

Еден удар им беше доволен на Русите да слават против Македонија со 1:0 за преземање на лидерската позиција во групата Б во квалификациите за ЕП 2012 во Полска и Украина. Го упатија во осмата минута, стрелаше Кержаков (Новески се чини можеше и мораше подобро да ја одработи ситуацијата) со кои однесоа големи три бода од Скопје кои, според играта во второто полувреме, за многумина не ги заслужија. Можеби свесно му овозможија простор за игра на домаќинот, можеби не, но факт е дека македонските репрезентативци беа подобри на тревникот во вторите 45 минути. Имавме игра, создадовме неколку шанси, неколку пати конкретно се заканивме, имавме и пенал меѓутоа не искористивме ништо од тоа. „Виновник“ е гостинскиот голман Игор Акинфеев кој бранеше се, го „прочита“ и Илчо Наумоски во 74 минута при изведување ��а ударот од белата точка и не ни дозволи да го прославиме првиот гол во дуелите со „зборнаја“. Досега одигравме три сметајќи го и оној завчера, првиот го загубивме со 2:0, вториот со 3:0 во кои не успеавме да реализираме два пенала (Игор Митрески не погоди во Москва на 8 септември во 2007 година во квалификациите за ЕП 2008). Но, по мечот се доби општ впечаток дека играчите не разочараа овојпат.

„Отсуствуваа неколку играчи, пред двомечот со Андора и Русија тимот беше и под психолошки стрес предизвикан од надворешен фактор, но мислам дека добро се справивме со тоа, одигравме добро, храбро, борбено. Затоа можам да им честитам на моите играчи кои овојпат ја немаа помошта од Пандев и Попов. За жал примивме гол во единствениот пропуст што го направивме“, истакна Мирсад Јонуз, селектор на Македонија, кој притоа не заборави да се заблагодари на поддршката од трибините.

„Иако загубивме публиката не' испрати со аплауз. Жалам што го немавме против Ерменија бидејќи ако го имавме сигурен сум дека ќе го добиевме тој меч“.

Македонија премногу резервирано влезе во мечот со Русија. Му оддаде голем респект на противникот и во воведните 15-тина минути нашите фудбалери изгледаа како да им се врзани нозете. Се чувствуваше стравот од евентуален висок пораз кај нив, но како минуваше времето се ослободуваа од притисокот и успеаја да создадат рамнотежа, за жал не успеаја да и' чепнат барем бод на „зборнаја“. Самите се свесни за пропуштената прилика, па затоа кај дел од нив забележливи беа солзи во очите. Наспроти нив, Дик Адвокат, селекторот Русија, со насмевка на лицето. Јасно му беше дека тука никому нема да му биде лесно, па и на неговата Русија (словачкиот селектор Владимир Веис порача дека за пласман на првите две места во групата ќе одлучуваат натпреварите во Скопје). Затоа не го криеше задоволството од триумфот.

„Најважно е дека победивме. Клучен момент беше што постигнавме гол во раната фаза од мечот. По водството моите фудбалери малку се опуштија, но за среќа се добро се заврши. Не беше лесно да се игра со Македонија вечерва. Домашната селекција одигра квалитетно и силно, создаваше прилики за гол во второто полувреме кои за наша среќа не ги искористи“, рече холандскиот стручњак на руската клупа.

Македонија - Русија 0:1

Полувреме: 0:1. Национална арена: „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 14.000. Главен судија: Стефан Јохансон. Помошници: Стефан Витберг и Јоаким Флинк (сите тројца од Шведска). Жолти картони: Новески, Шиков (Македонија), Зирјанов, Анјуков (Русија). Стрелец: Кержаков во 8 минута.

Македонија: Нурединовски, Шиков, И. Митрески, Новески, Лазевски, Деспотовски (Георгиевски), Шумуликоски, Ѓуровски (Алими), Ибраими (Ристиќ), Наумоски. Селектор: Мирсад Јонуз.

Русија: Акинфеев, Анјуков, В. Березуцки, Игњашевич, Жирков, Широков, Денисов, Зирјанов, Џагоев (А. Березуцки), Аршавин (Бистров), Кержаков (Погребњак). Селектор: Дик Адвокат.

Група Б

Резултати, 4. коло: Македонија - Русија 0:1, Словачка - Република Ирска 1:1, Ерменија - Андора 4:0.

Табела

1. Русија 4 3 0 1 6:3 9

2. Р. Ирска 4 2 1 1 7:5 7

3. Ерменија 4 2 1 1 9:4 7

4. Словачка 4 2 1 1 4:4 7

5. Македонија 4 1 1 2 4:4 4

6. Андора 4 0 0 4 1:11 0

Идно коло (26.03.2011 год.): Република Ирска - Македонија, Ерменија - Русија, Андора - Словачка.


#
Статијата е прочитана 645 пати.

Испрати коментар

Од: Vljubenik vo fudbalot
Датум: 14.10.2010 12:26:01
Ajde neka mu e so sreka na selektorot Jonuz noviot transfer na Alimi pa ako cepne i od Ibraimi,ne deka imam nesto protiv Albancite vo selekcija, eden od moite idoli i najdobri igraci e bil Artim Sakiri ama za zal nema nekoj ni priblizen na nego.Eve zasto site plukaa po Katanec oti ne mozea da si gi prodavat igracite...
Од: zoran
Датум: 14.10.2010 18:47:37
da de da ako imale aplauz so ermenija ke gi pobedele...hehehehe abe jonuz ne samo st o si smesen nego poveke si tragicen!!! reprezentacija sto ima kvalitet i bez publika ke se plasira na prvenstvo ama tvoite puleni so 2 levi nogi i tvojata koncepcija tesko deka osven nekoj kako andora ke pobedite!!! ako imas doblest ne se pojavuvaj vise vo MKD-fudbalot i ti i drugarti hara-lampie!!!:-))
Од: Pelister
Датум: 15.10.2010 09:20:49
Ej ovaj Jonuz ne pravi site budali...pa sega krivec oti ne pobedivme so Ermenija e publikata...se gleda deka ne moze da se nosi so pritisokot na rezultatot i ednostavno ne znae kaj tera...pod hitno da si odi...

Најди! во Утрински
Спорт
Уште едно збогум
И дерби и голем празник нa ракoметот
Колкава плата му треба на Капело за Англија да игра добро?
Спречен нов „Хејсел“ во Џенова
Уапсена главната „навивачка ѕвезда“
Европскиот клупски куп без Алкалоид
Резултати од мечевите во четвртото коло во квалификациите за Европското првенство во фудбал во 2012 година (Полска/Украина)
Формула 1 се' поблиску до Русија






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia