Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Спречен нов „Хејсел“ во Џенова

Српските хулигани го нападнаа голманот Стојковиќ, ги распараа мрежите и го прекинаа квалификацискиот меч со Италија

„Ова не сум го видел во својот живот“, кажа запрепастениот селектор на Италија, Џезаре Прандели, по грозните нереди што ги направија навивачите на Србија пред и за време на квалификацискиот меч со Италија во Џенова. Натпреварот беше прекинат во седмата минута. Тоа беше финалето на дивјачкиот поход на српските навивачи по Џенова, кој започна со доаѓањето на „делиите“ во италијанското пристанишно градче само со намера да го претепаат голманот Владимир Стојковиќ, поради неговиот „смртен грев“ што како играч кој порасна во Црвена звезда сега игра за Партизан.

Тоа за малку и ќе им успееше. Имено, пред мечот хулиганите успеаја да го сопрат автобусот со репрезентативците. Влегоа во автобусот и фрлија факел. Внатре се гореше, а Стојковиќ го спасија Жигиќ и Станковиќ. Колку Стојковиќ бил потресен зборува и Прандели.

„Влеговме во соблекувалната и го видовме голманот како буквално се тресе од страв. Човекот се престраши за животот. Не знаев за што се работи додека преведувачот не ми објасни дека Стојковиќ се сокрил во нашата соблекувална“.

Стојковиќ подоцна го замоли селекторот Петковиќ да не брани, а овој го послуша. „Засега не сакам за тоа да зборувам. Почекајте ова да помине“, кажа српскиот голман кој во кариерата бранеше за Нант, Витесе, Спортинг, Гетафе и Виган.

Вчера во јавноста се огласи и потресената мајка на Стојковиќ: „Многу сум згрижена за своето дете кое го испратив во Италија да ги брани боите на Србија, а не да го донесат во сандак, како што тоа го подготвиле навивачите на Црвена звезда (тие пред хотелот на репрезентацијата скандираа: Стојовиќ, Стојковиќ ти сакаме среќа, дрвен сандак, дрвен сандак и на него свеќа“). Не ја разбирам ниту нашата Федерација, која не ги послуша Италијанците кога бараа засилено обезбедување. Им благодарам на Жигиќ и на Станковиќ што ми го спасија детето“, изјави растревожената мајка Коса Стојковиќ.

Бојана, сопругата на голманот и манекенка, не знаела каков хорор преживува нејзиниот сопруг, бидејќи во тоа време била на модна ревија. Кога дознала во солзи побегнала од настанот и му се јавила на сопругот да дознае дали е добро.

Сето ова претходеше на дивеењето на српските хулигани на стадионот. Мечот по 35 минутно доцнење, сепак, започна, но само по неколку минути беше, дефинитивно, прекинат, откако беше фрлен првиот факел. Во почетокот место играчите на терен излегоа специјалците, беа подготвени и водените топови, но контакт меѓу полицијата и хулиганите немаше. Безредијата почнаа при интонирањето на химните. Еден од хулиганите со маичка на која пишуваше „Четници Север“ го запали албанското знаме, а неколкумина од нив со ножеви и клешти ја распараа заштитната мрежа зад голот.

Фудбалерите на Србија се обидоа да ги смират, аплудирајќи им со кренати три прсти, но не успеја во тоа. Италијанските медиуми го нападнаа Станковиќ, кој ги предводеше играчите во смирување на ситуацијата: „Тоа не беше аплауз за одобрување, само се обидовме да ги смириме“, се правдаше Станковиќ.

Како што кажавме, сето тоа траеше 35 минути, по што мечот почна. Италија дури и даде гол, ама и беше поништен поради офсајд.

Италијанските медиуми пишуваат дека Србија службено ќе го загуби мечот со 0:3 и пет меча ќе мора да игра без публика.


#
Статијата е прочитана 645 пати.

Испрати коментар

Од: saso
Датум: 15.10.2010 04:17:26
kako i da e imaa mu.. da pravat sto pravea. Cel svet na site vesti gi imase i site razbraa deka vo srbija ima nepravda sto im smeta i deka nema da ja prebolat. toa e balkan i nemoze da se pravime englezi. svetot e razlicen i takov treba da go prifatat site. dosta e od evropski dvojni arsini. koga se tepaa vo turcija holangani/germanci nikoj ne bese suspendiran sega posto e druga zemja ke ima suspenzii.

Најди! во Утрински
Спорт
Со еден удар до три бода
Уште едно збогум
И дерби и голем празник нa ракoметот
Колкава плата му треба на Капело за Англија да игра добро?
Уапсена главната „навивачка ѕвезда“
Европскиот клупски куп без Алкалоид
Резултати од мечевите во четвртото коло во квалификациите за Европското првенство во фудбал во 2012 година (Полска/Украина)
Формула 1 се' поблиску до Русија






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia