Колкава плата му треба на Капело за Англија да игра добро?
Црна Гора направи големо изненадување на гостувањето кај Англија, играјќи 0:0. Голманот на унгарскиот Видеотон Младен Божовиќ (26) е клучната фигура според селекторот на Англија, Фабио Капело.
„Тој беше несовладлив. Имавме четири пет добри шанси, но тој секогаш беше на висина на задачата. Треба да се респектира Црна Гора, како и фактот дека и четврти натпревар по ред не прима гол. Нивната одбрана е компатибилна и цврста. Никогаш не е лесно да се игра против екипи кои многу добро се бранат и на кои е тешко да им се даде гол“, вели Капело и додава: „Ни недостасуваше последниот пас. Црногорците многу добро ги притискаа моите фудбалери во зоната на организација“.
Медиумите едвај чекаа да му се пуштат на Капело: „На Италијанецот изгледа не му се доволни шест милиони фунти годишно за да го посложи тимот како што треба“, напиша „Сан“. Ништо помалку строг не беше и „Телеграф“. „Колку депремирачко и срамно. Најмладата репрезентација во светот со 650.000 жители и без главнат�� ѕвезда ја спречи Англија на нејзин терен - татковината на фудбалот, која веќе 138 години го практицира тој забавен спорт“.
Како и да е, Англија не одигра напаѓачки лошо, но го немаше завршниот удар. Навивачите можеа да видат уште една слаба партија на Вејн Руни. „Знаевме да го спречиме Руни во улога на повлечен центарфор. Нашиот дефанзивен играч Зверотиќ го најде начинот за тоа. Сите може да видат како го изведовме тоа. Многу добро го познавам англискиот фудбал. обожувам да ја гледам Премиер-лигата, а ги следев и натпреварите од СП, како и мечот Англија - Хрватска во квалификациите за Мундијалот во кој го уништија противникот со тандемот на крилните позиции. Затоа ги пополнив тие празнини што ги направи Англичаните помалку опасни. Тоа беше единствениот начин да ги запреме“, го откри селекторот на Црна Гора рецептот за ремито со кое беше прекината низата на Англија од 11 едноподруго победи на свој терен, но и со кое „Гордиот Албион“ прв пат од новото отворање на „Вембли“ ја напушти тревата без постигнат гол. |