„Оркански висови“ и настап на „Монистра“ на „Скопско лето“
Во рамките на „Скопско лето“ во Кинотеката на Македонија, вечерва во 20 часот, ќе може да се погледне филмот „Оркански висови“ од 1939 година, во режија на Вилијам Вајлер, според сценариото на еден од најпознатите и најквалитетни сценаристи на Холивуд, Бен Хечт, работено според романот на Емили Бронте. Во филмот доминира актерската школа со големите и незаборавни актерски имиња: Лоренс Оливие, Мерл Оберон и Дејвид Нивен.
Еден час подоцна во „Куршумли-ан“, концерт ќе одржи групата „Монистра“, која ќе изведе македонска етномузика збогатена со модерни аранжмани и приспособена кон вкусовите на младите слушатели, а членовите на груп��та свират на изворни инструменти. Групата „Монистра“ е формирана во 2002 година, членовите на групата се дипломирани музичари со завршен Факултет за музичка уметност, кои со досегашните концерти во Македонија и странство се етаблирани како успешни презентери на македонската етномузика. (Н.П.) |