„Полски плакат“ во „Мала станица“
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, денеска напладне ќе биде отворена „Полски плакат“, на која е презентиран богат избор на полски плакати со широка намена: театарски претстави, филм, изложби, музички манифестации, туристички мотиви и разни културни настани.
Изложбата е збогатена со триесетина графики изработени во сите графички техники: линорез, монотипија, сериграфија, акватинта, мецотинта и др., кои само придонесуваат да се зголеми импресивниот впечаток.
Изложбата ќе ја отворат Н.Е. Дариус Карол Бачура, амбасадор на Република Полска во Република Македонија и директорката на Национална галерија на Македонија, Маја Крстевска. (Н.П.) |