Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Лозарите протестираат поради ниската цена на грозјето

Откупните цени за грозјето од годинешната реколта што ги објави винарската визба „Повардарие” од Неготино, за лозарите од овој крај се неприфатливи. Откако оваа визба ги соопшти откупните цени, неповолната вест, како што велат лозарите, ги погодила како гром од ведро небо.

Тие вчера протестираа пред портите на визбата. Велат дека нема да дозволат ниту „Повардарие” , ниту која било друга визба да им го земе грозјето за без пари. За 19 шеќерни единици во килограм грозје од сортите „шардоне“, „совињон блан“ и „темјаника“, „Повардарие“ ќе плати 14 денари, а за „црн бургундец“ со исти шеќерни единици цената е 10 денари за килограм. Лозарите велат дека наместо да се зголеми цената на грозјето за 20 отсто, таа за толку е пониска споредено со ланските цени.

Од винарската визба ги информираа лозарите кои протестираа дека во тек е постапка за преземање на „Повардарие“ од „Вино жупа“.

„По преземањето на визбата и влезот на ’Вино жупа‘ од Александровац,Србија, новиот менаџерски тим ќе ве извести за намерите и плановите околу винското грозје” , се вели во соопштението што им беше поделено на новинарите и на лозарите. На ова лозарите прашаа тогаш која е гаранцијата дека „Вино жупа“ ќе го плати грозјето кое го откупува, доколку се' уште не е сопственик на „Повардарие“.

Лозарите бараат поддршка од сите државни институции во надминувањето на проблемот со откупната цена. Ако нема повисоки цени, лозарите се заканија дека, покрај млекото, низ улиците во земјава ќе потече и шира. (А.Д.)


Статијата е прочитана 196 пати.

Испрати коментар

Од: Стојко
Датум: 23.08.2008 10:02:06
Што е ова, на кој како ќе му текне ќе истура по улици, мле��о , грозје, ....Ова држава е или не ? Капитализам е со пазарно стопанство или се уште сме во социјалистичко планско производтсво. Ама, тоа ти е. Грујо ветувал, ветувал па се заборавил ....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
ССМ ќе штрајкува ако нема расправа за измените во Законот за работни односи
Колку „швајцарско“ е потребно за да се заслужи белиот крст?
Државата продава градежно земјиште
Демир-Халк банка со дозвола за купување над 50 отсто од ИК банка
Стагнација на производството на нафта
Шест милиони туристи ја посетиле Хрватска
Романија примамлива за странските инвестиции
Стагнација на производството на нафта во Русија

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.